Индиго свест и индиго деца – Што е тоа? 2 дел

0

Тие секогаш ќе се побунат ако со нив се однесуваме како со мали деца или пак, ако се обидеме да ги научиме нешто што веќе го знаат. Тешко се покоруваат на крутите традиционални правила наметнати од другите. Некои ќе ги наречат извонредни манипулатори, но секогаш ќе послушаат ако логично им образложите зошто од нив барате исполнување на родителските наредби и упатства. Тие често пати ќе ве потопат во лавина од „невозможни“ прашања на кои најчесто не знаеме да им одговориме.

Тешко излегуваат на крај со денешниот еднодимензионален образовен систем, па училиштето го сметаат за нужно зло!

Нивните интереси се интензивни и страстни, па во областите кои што ги интересираат потполо зануркуваат на холограмски начин. Истовремено гледајќи ја целината и деловите од кои е составена.

Заради преголемата изложеност на дразбите од современиот свет често пати страдаат од алергиски заболувања и проблеми со органите за дишење. Потребна им е повремена осаменост, тишина и мир. Им треба време за нив самите и да можат да ги обноват своите спиритуални батерии.

Сите индиго деца имаат силно развиена интуиција. Секако, најчесто не се свесни дека станува збор за тоа. Понекогаш се случува преку сонови или визии да доживеат остварување на некои настани.

Нивниот поглед е длабок и мудар. Како да гледаат токму во длабочината на вашата душа. Речиси е невозможно да ги излажете.

Некои спиритуалисти (Drunvalo Melchizedek) веруваат дека кај овие деца постои промена и во генетскиот код, во внатрешноста на молекулата на ДНК. За тоа се уште нема научни докази, иако е потврдено дека „децата на новото време“ се раѓаат со мошне повисок степен на интелигенција од досега постоечкиот просек на нациите.

Додека просекот на денешницата изнесува индекс помеѓу 85 и 110, овие деца располагаат со неверојатен коефициент од 130!

А, таквата разлика во капацитетите често пати е несфатлива за мнозинството, па идеите на овие деца завршуваат отфрлени и со обележје дека станува збор за „бујна фантазија“ или пак, со нивно исмевање.

Ако не се негува нивниот потенцијал, овие лица понекогаш попуштаат под притисокот и „заборавајќи“ на својата мисија стануваат жртва на разни пороци и деликвенција. Во најраната возраст пак, на нив се налепува етикета дека се личности со дефицит на внимание или друг облик на хиперактивност, бидејќи просветните работници, со конвенционалниот пристап кон наставата, не можат да го задржат нивното внимание.

Но, се чини дека токму образовниот систем не е дораснат за нивните способности. Денешните педагози не знаат дека ваквите деца се досадуваат заради бавната динамика и премногу површната содржина на информации кои им ги нуди училиштето.

Индиго деца е поим користен за индивидуи кои, според верувањата на движењата на новото време (new age), припаѓаат на повисок еволуциски степен на човештвото. Јасновидците и оние кои што со години се занимаваат со духовност, тврдат дека таквите поединци имаат аура (енергетско поле околу физичкото тело) со темно сина боја (индиго).

Поимот – „индиго дете“ за првпат бил употребен во 1982 година во книгата “Understanding Your Life Through Color” (разбирајќи го својот животот преку боите) на авторката Nancy Ann Tappe. Таа тврдела дека е меѓу оние кои што можат да ја забележат аурата, нагласувајќи дека кон крајот на 70 – тите години почнала да забележува деца со изразена „индиго аура“.

Подоцна, тој термин почнале да го употребуваат и други автори на езотерична литература.

Според приврзаниците на теоријата на „новото време“ (new age), индиго децата се мошне чувствителни и имаат силен карактер. Некои веруваат дека тие често пати погрешно се препознаваат како аутистични или асоцијални, особено ако не се наоѓаат во средина каде што има и други дечиња со идентични карактеристики.

Но, според психијатарот Расел Беркли (Russelu Barkleyu), светски експерт за нарушувањата во концентрацијата и изразена хиперактивност кај децата, познато како ADHD (Attention deficit hyperactivity disorder), идејата за индиго деца ја оценува како пропаганда, изразувајќи истовремено загриженост дека деца со проблеми во однесувањето не би требало да се етикетираат како „индиго“, односно како единки со посебно напредни карактеристики.

Секако, следбениците на New age движењата ги отфрлаат таквите наводи, оценувајќи дека станува збор за завера во дел од научните кругови, соочени со реалноста на новото време.

И над двете тези лебди фактот дека повеќе места низ светот се отворени алтернативни едукациски центри за образование на посебно талентирани деца.

А, додека двете спротивставени страни се конфронтираат низ социјалните мрежи и медиумскиот простор, ви претставуваме неколку совети за родителите кои што сметаат дека имаат индиго дете:

1. Бидете искрени
Секогаш давајте рационално објаснувања за секоја ваша постапка или барање од нив.

2. Не манипулирајте со децата
Немојте да им наметнувате грижа на совест. Тоа кај нив не поминува!
3. Покажете почит
Третирајте ги рамни со вас. Иако се работи за тело на дете, во него престојува искусна душа на безвременски мудрец!

4. Поттикнете ги
Нека развијат автономија и самостојност.

5. Почитувајте ги нивните психолошки способности
Помогнете им да ги развијат менталните споспбности преку вежби и охрабрувања.

6. Заштитете ги од енергиите на околината
Мошне се чувствителни и ги чувствуваат околните вибрации. Дел од нив се манифестира врз нивниот енергетски систем. Повремено туширање на телото со благ раствор на солена вода и плакнење со чиста вода, би можело да биде од корист.

7. Овозможете им да ги спознаат методите на медитација и релаксација
Тие вештини ќе им помогнат подобро да ги совладаат препреките во животот и полесно ќе се поврзат со духовниот свет.

8. Почитувајте ја нивната емоционална и психичка чувствителност
Таа е најчесто екстремна, но тие не се шегуваат и можеби им треба ваша помош за да ги толерираат чувствата.

Од тука, може слободно да се каже дека индиго децата се раѓаат со исклучителни потенцијали, но зависно од средината во која што ќе се родат, зависи дали тие способности воопшто и кога ќе се изразат. Ним им треба нашата потпора и љубов за да може да се откријат самите себеси.

Автор: Др. Тарот

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.