Имате ли трауми од детството?

0

Научно е докажано дека луѓето ги забораваат настаните и доживувањата од првите три години од својот живот, иако траумите од искуствата кои настанале во тој период, остануваат засекогаш во нашата потсвест.

Телото, за разлика од свесниот рационален дел од мозокот, памети и ги бележи сите емоции кои сме ги потиснале и не сме ги изразиле гласно. Тоа за жал, ја блокира нашата енергија. Затоа, многу е важно да се ослободиме од тие блокади. Единствен начин за тоа е да го следиме своето тело.

Првата година од нашиот живот е особено важна при формирање на нашиот карактер. Во тој период, кој инаку може да се нарече формативен период, учиме како да се однесуваме, добиваме доверба во себе, во другите луѓе, и генерално добиваме целосна слика за се во животот. Најважното, тогаш се формира и нашиот мозок, односно емоционалниот дел од мозокот од каде понатаму во животот ќе се формира и нашиот емоционален дел од карактерот.

Бројни докази на нервно-научни истражувања го поткрепуваат фактот дека физиологијата на мозокот и нервниот систем во најголема мера е обликуван според психолошките и социјални односи, или поточно односот со родителите.

Таканаречената имплицитна меморија спаѓа во подлабокиот дел од мозокот и во неа не постојат слики или случки, туку само чувства кои некогаш сме ги имале.

Таа меморија може да се евоцира преку техника наречена регресија. Или поконкрено ќе ви дадеме пример:

Пред вас во локално кафуле седат две жени кои разговараат. До нив, во количка спие бебенце на една од нив. Бебето се буди и почнува да плаче, а мајката занесена во разговорот не забележува веднаш. Дали кај вас се буди бес и нервоза веднаш? Или пак, прво што ви паѓа на памет е дека можеби не го слушнала плачот?

Следниот пат кога ќе се најдете во ваква ситуација, размислете. Возможно е да постои потсвесна траума во вашата глава, кога како бебе не изреагирале родителите во истиот момент кога вам ви било потребно внимание, па сте се почувствувале запоставено.

Луѓето чиј однос со родителите уште во првите години е полн со доверба, искреност, контакт “очи во очи“ е основата на чувството за безбедност кој се раѓа во нас. Оние кои растеле во блиско семејство се силни, полни самодоверба и сигурни луѓе.

Затоа, децата никогаш не треба да бидат казнувани, да им се обраќаме со високи тонови или пак да ги заплашуваме. На детето треба  да му се објасни грешката за да може да разбере, а тоа да не остави трауми во иднина.

За да се излечиме од раните од детството, неопходно е да стекнеме ново, поинакво искуство.

Понекогаш е доволно да се оствари вистинско партнерство, да сретнеме пријател на кој можеме да му веруваме, да се искажеме и целосно да се потпреме без страв од изневерување.

На пријателот кој му верувате, кажете му ги своите трауми или пак сеќавања од тешките за вас моменти од детството, кога сте биле казнети или сте се почувствувале недоволно сакани. Ако ви дојде да заплачете, слободно направете го тоа.

Некогаш е подобро, без разлика колку сте возрасни да седнете со своите родители и да им кажете за секој пат кога сте се почувствувале тажно поради нив. Родители се, ќе ве разберат. На крајот, тие ве сакаат најискрено и сигурно не помислиле дека би можеле да делуваат така врз вас. Ќе видите дека веднаш ќе се почувствувате подобро.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар