Имаат над 30 години и никој не сака да ги ангажира за работа

0

Актерката Елен Помпео(46), ѕвездата од серијата “Вовед во анатомија” проговори на една многу сензитивна тема во Холивуд- дискриминација на актерите кога станува збор за возраста.

Таа вели дека се одлучила да остане во хит серијата цели 13 сезони токму заради оваа причина, бидејќи смета дека нема да може да најде подобра работа од тоа.

landscape-1455196193-gettyimages-504056926

“Штом наполните 30 години и ја поминете таа старосна граница, никој не сака да ве ангажира, бидејќи има колешки кои се дупло помлади од вас. Никој не сака жена во зрели години. За мене беше вистинска ноќна мора да се гледам како стареам пред камерите. Но, некако научив да се носам со тоа и сега знам дека не е се во физичката убавина” – вели Елен.

Елен е во брак со музичкиот продуцент Крис Ајвори(49), ја имаат седумгодишната ќерка Стела и двегодишната Сиена која што им ја роди сурогат мајка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.