Илустративен приказ со силни пораки за жртвите на насилство

0

Обвинување жртви на каков било вид насилство дека е нивна вина зошто тие се нападнати е заблуда на светот околу нив. А се случува постојано и тоа без размислување за последиците на личноста која е дирекно инволвирана. Katarzyna Babis, студентка по уметност од Полска, на илустративен начин прикажува со какви проблеми се сретнуваат секојдневно жртвите на насилство. “Многу од моите пријатели имаат искусено такви ситуации во животот и затоа сакав преку цртежите да им помогнам нив, а пораката да стигне до што поголем број на луѓе” – изјави Babis  за MTV.

Погледнете ги цртежите со силните пораки кои таа ги испраќа:

victim-blaming-illustrations-katarzyna-babis-41__700 Депресијата не е променливо расположение

Депресијата не се создава како последица на досада, рамнодушност или недостаток на мотивација. Депресијата е болест која го напаѓа умот и начинот на кој фунцкионира. Може да се јави кај секого и бара медицински третман.

victim-blaming-illustrations-katarzyna-babis-11__700

Да бидеш женско не е навреда

И мажите се родители исто така!

Мажите се мултидимензионални суштества. Ајде да им изразиме поддршка на мажите кои го сфаќаат татковстовото сериозно.

victim-blaming-illustrations-katarzyna-babis-61__700

Да те силуваат не е комплимент

Да се потсмеваш со некој кој бил жртва на сексуално злосторство само му помага на силувачот да му се намали вината и наместо него да се обвини жртвата. Немојте да им помагате на силувачите со тоа што ќе ги изговарате стереотипните реченици како “Со такво лице треба да  е среќна што некој ја допрел” и слично. Сето тоа негативно влијае на жртвата.

victim-blaming-illustrations-katarzyna-babis-31__700

Мажите исто така можат да бидат жртви на семејно и сексуално насилство

Да побараш помош е знак на храбост, не е знак на слабост.

victim-blaming-illustrations-katarzyna-babis-51__700Анорексијата е облик на тело

Никогаш не потценувајте ги луѓето кои имаат проблем со исхраната. Анорексијата е ментална болест. Изгладнувањето е резултат на болеста, не е самата болест. Кога личноста ќе дојде до состојба на изгладнување, тогаш најчесто е предоцна за да се интервенира. Запомнете дека има и други препознатилви симптоми кои ако се забележат порано можат да се спасат многу животи.

victim-blaming-illustrations-katarzyna-babis-21__700Да биде геј не е навреда

Облеката е работа на личен вкус. Чувството за мода не е автоматски поврзано со сексуалната ориентација.