Илегална дрога може да биде важен фактор за лечење на психичките болести

0

Еден ден екстази дрогата би можела да биде потенцијален лек за лечење на посттрауматско пореметување.
Во последните истражувања, е проднајдено дека одредени состојки од халуцогената дрога MDMA можат да бидат дел од лекот кој би ги лечел посттрауматските пореметувања предизвикани од стрес.

Симптомите од посттрауматичниот стрес проследени со звуци или мириси, предизвикуваат иста болка која личноста ја трпела во моментот на интензивниот стрес.

Претходните студии покажале дека 62 од 107 од пациентите не покажале никакви симптоми на посттрауматичен стрес дури година дена по земање на MDMA терапија.
За сега, FDA (Federal Drug Administration) ја одобрила втората фаза на истражување на MDMA дрогата за медицинска употреба, а ќе биде тестирана нејзината ефикасност, безбедност и дозирање.

Третата фаза ќе биде најтешка. Во неа конкретно ќе се тестира ефикасноста од новиот лек во однос на постоечката терапија по што ќе се бира најдобрата можна терапија пред официјално да биде одобрена.
Истражувањето чини 25 милиони долари, а е спонзорирано од страна на MAPS (Multidisciplinary Association for Psychedelic Studies) и би требало да заврши до крајот на 2021 година.

 

Извор: b92.net

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот