ИКТ заедницата во Македонија уште еднаш докажа дека е една од најпрогресивните и најхуманите гранки

0

Традиционално, секоја година Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) организира новогодишна забава за своите членки, партнери и соработници, чија масовност и содржина од година во година расте. Оваа година, забавата обедини повеќе од 300 гости од ИКТ секторот, граѓанскиот сектор, образованието, медиумите и владата, овозможувајќи простор за сумирање на промените кои ги донесе 2018тата година и планирање на целите за 2019та.

Неслучајно, а веќе и докажано, ИКТ заедницата како една од најпрогресивните во македонското општество креирајќи позитивни економски промени, но се позиционира и како носител на социјални и хумани проекти, активно вклучувајќи се во каузи кои допираат до најранливите групи. Па така и на оваа новогодишна забава, темата која доминираше и го обои настанот во вистинска новогодишна атмосфера беше хуманоста. Имено, МАСИТ во соработка со Црвениот Крст на Македонија организираше донација на топли зимски парчиња облека за згрижените семејства во центарот за бездомни лица во с. Чичино, Скопје. Парчињата облека беа донирани од гостите во огромни количини и беа доставени преку екипите на Црвениот Крст во центарот во с. Чичино. На овој начин и оваа МАСИТ новогодишна забава тематски обедини се’ што МАСИТ во моментов преставува: комора за ИКТ индустрија, развојни проекти и хумани каузи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.