„Игри без маски“, театарски фестивал без дискриминација

0

Во организација на Здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни, а еднакви“, на 13 и 14 октомври, во Драмски театар, Скопје, ќе се одржи драмскиот фестивал за лица со и без хендикеп, „Игри без маски“, театар без дискриминација.

13124498_471919219673566_7447111560421550065_n

На драмскиот фестивал ќе учествуваат актерски групи од Струмица, Охрид, Кратово, Берово, Крушево, Штип, Тетово, Крива Паланка, Неготино, Македонски Брод, Скопје, а трите најдобри претстави избрани на Националното издание, ќе ги бранат боите на Македонија на Меѓународното издание на овој фестивал кое ќе се одржи во април/мај следната година.

13177282_471919939673494_353990355871970206_n-2

Ова е единствен фестивал од ваков вид на Балканот, чија цел е извлекување на инвалидните лица од секаков вид изолација, нивна анимација, вклучување и ангажирање во низа активности во согласност со нивните можности и инклузија со здрави лица, како и оптимално негување на потенцијалот на секоја индивидуа со попречености. Притоа, јавно се афрмираат и наградуваат талентирани лица со и без хендикеп, се јакне нивната самодоверба, се негува и се надградува нивиот талент. Ова е исклучителна можност да се оствари сонот на младите, особено инвалидни лица, да застанат на големата сцена на театарот и да заиграат пред публика.

13151758_472622586269896_3568268934282747740_n

Се гледаме на 13 и 14 октомври во 14 часот во Драмски театар Скопје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар