Иднината започнува сега, со линијата за нега на кожа од Clinique

0

Оваа сезона Clinique ги носи новитетите кои се создадени само за Вас, под слоганот „Иднината започнува сега“.

На кој начин?

Преку персонализација на производите – ID колекцијата од Clinique доаѓа во Македонија.

Сега, Вие ќе можете да ја креирате својата крема прилагодена на Вашиот единствен тип на кожа.

Доколку сакате да дознаете каква кожа имате, благодарение на смарт мобилната технологијатa можете да го сторите тоа онлајн m.clinique.co.uk. Преку оваа страна, со селфи фотографија може веднаш да се најде ID на кожата на лицето.

Мотото на брендот за оваа сезона и новитетите е следно: Создадете и не се прилагодувајте на што се нуди. Сега, можете да одберете една од трите хидратантни бази, вметнете еден од петте патрони со активен концентрат и веднаш почнете со оптимизирани резултати со секоја употреба.

Новото иновативно пакување има двонаменска пумпа која во исто време испушта хидратациска база и активен концентрат. Важно е да се напомене дека двете состојки не се мешаат се додека не го ставите на Вашата кожа, се со цел да се максимизира ефектот.

Избор од 5 производи наменети за хидратација и обнова на кожата која има проблем со:

  • иритација
  • пори и група текстира на кожа
  • неизденчен тен
  • уморен тен на кожа
  • линии и брчки

Со секое притискање на пумпата, излегува 90% од базата и 10% од концентратот, кој никако не смее да се користи сам за себе, само во комбинација со базата. Бојата на концентратот не е секогаш видлива и зависи од комбинацијата која е одбрана.

Во зависност од комбинацијата која е употребена, резултатите ќе бидат видливи во различен период.

Кај кожата која што е осетлива, после 1 нанесување се добива моментално чувство на удобност и олеснување, после 1 недела иритацијата е ублажена, а после 1 шише видливо се намалува цвенилото.

Кај групата текстира на кожа и пори, после првото нанаесување се чувствува моментално измазнување на кожата, после 1 недела се добива свеж изглед, а после 1 потрошено шише има видливо подобрување на текстурата на кожата и големината на порите.

Кај кожата со флеки, после 1 нанесување тенот се осветлува моментално, после 1 недела кожата има изедначен тен, а после 1 шише има видливо подобрување на тенот на кожата.

Ако станува збор за сив тен на кожата после првото нанесување кожата добива свеж изглед, после една недела е полна со енергија, а после едно потрошено шише се појавува видлива блескавост.

Кожата која има проблем со линии и брчки после првото нанесување се измазнува, после една недела се намалуваат сувите линии, а после едно потрошено шише има видливо намалување на изгледот на сувите линии и брчки.

Уште еден новитиет е Moisture Surge Eye Hydro-Filler, 96 часовен концентрат кој претствува исклучеително лесен воден гел што моментлано ја хидтратизира осетливата кожа околу очите.

Even Better Refresh Hydrating and Repairing Makeup e течна пудра за целосна покривност со чувство за леснотија и хидтратација. Го изедначува тонот и ја измазнува кожата со секое нанаесување. Одлична е за сите типови кожа, долготрајност од 24 часа, 6 нијанси и дава природен изглед.

The Fresh Pressed Clinical System ги носи двата бустери, Fresh Pressed Daily Booster и Fresh Pressed Overnight Booster, за наутро и навечер, кои одлично делуваат заедно, а ефектот е намалување на линиите и брчките за период од 2 недели постојано користење.

Кожата на Вашето лице може да блеска и да биде совршена оваа пролет, благодарение на новитетите кои ги носи брендот Clinique.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот