Иднината е тука – такси возила без таксисти

0

 

Иднината навистина пристигна, барем во Сингапур, каде што првите самовозечки такси возила почнаа да ги возат првите клиенти.

Оваа услуга не им е достапна на сите, туку на неколкумина одбрани кои „вооружени“ со мобилни телефони, можат да повикаат такси и да не водат сметка како ќе се однесуваат со таксистите. Новите такси линии ги започнала стартап компанијата НуТономи, но за сега е скромна и оперативна исклучиво во Сингапур, во областа Уан Норт.

Првите оценки на патниците се позитивни, но дури по првобитниот шок дека возилото е празно.

„Влегов малку нервозна во автомобилот, и се преплашив кога управувачот почна да се движи сам. Ми делуваше како да има дух внатре. Ама, возењето помина мирно, па мислам дека ќе им верувам и за понатаму.“

Во моментов овие такси возила покриваат само шест километри пат, а во возниот парк има шест автомобили. Компанијата очекува до крајот на годината да се зголеми бројот на возила.

Возилата работат со помош на систем за препознавање, слично на радар, ама со ласери, а шест камери се инсталирани на хаубата, со цел да ги следат случувањата во сообраќајот и евентуалните пречки.

Ова сепак не е единствената компанија што користи такси возила без возачи. Убер планира да го воведе истиот систем на работа во Питсбург, во американската држава Пенсилванија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот