Иднината е пред врата – најголемата онлајн продавница сега отвара реална продавница, но БЕЗ ЛУЃЕ!

0

Кон крајот на 20тиот век сите бевме љубители или барем гледачи на филмовите кои ни ја ‘носеа’ иднината. Автомобили без возачи, без мотори, унифицирани правила во целиот свети, мрежа која ги поврзува луѓето преку компјутери, плаќања и купувања онлајн, роботи, видео повици, па дури и мобилните телефони на допир беа нешто неверојатно.

Иднината е тука.Благодарение на технолошкиот напредок, во иднина во продавниците  ќе можеме да влегуваме, да избереме што сакаме и да излегуваме. Продуктите ќе ни бидат наплатени, без притоа да има потреба да доаѓаме до касата.

Иднината е пред врата, тоа што го зборуваат експертите со години кончено почнува да се остварува

Овој концепт го разви Амазон, од каде објавија дури и видеово кое се објаснува целиот процес.

Интереsно е тоа што првата продавница од ваков ви ќе биде отворена во Сиетл на почетокот на 2017 година.

Така што, ќе може слободно да се влезе, да се земат работите и да се излезе. Нема да има редови, нема каса, нема чекање и расправии, што е најважно од се – нема дополнителни трошоци за персонал.

Од Амазон велат дека ќе користат комбинација на сензори, компјутери и вештачка интелигенција за да можат на купувачите автоматски да им ја наплатат робата.

Веројатно ние ја живееме иднината, но се ушт не сме свесни. Можеби и така е подобро бидејќи во спротивно би било многу застрашувачки да се имаат сите податоци однапред.