Идната недела започнува „Скопско лето 2016“

0

Со изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески во галеријата Чифте амам и со гала оперски концерт на македонската филхармонија  на платото пред Македонската опера и балет, на 21 јуни ќе биде отворена 37-мата манифестација „Скопско лето“.

До крајот на јули во 41 ден, Скопјани ќе имаат можност да проследат повеќе од педесет културни настани.

Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот