Иџе најдобар меѓу најдобрите

0

Нашиот најдобар автомобилст, Игор Стефановски – Иџе, победи на првата трка во ЕТЦЦ шампионатот што се возеше вчера на патеката во Имола.

Стефановски започна од четвртата позиција, за да се пробие на второто место, а по само неколку круга го презеде водството и остана на врвот до крајот на трката која имаше 11 круга. Голем успех е што Иџе го имаше и најбрзиот круг 1:54.422 минута.

Второто место го освои Крис Рихард од Швајцарија, а трет заврши Аку Пелинен од Финска и двајцата возат Хонда.

Ова за Стефановски беше прва победа на кружни патеки.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар