Идеален кревет за сите што сакаат да бидат малку сами

0

Ќе го погледнете и ќе си речете: „Јас да легнам во креветче за деца? Никогаш!“

Ама, ако го погледнете уште еднаш подобро, ќе сфатите дека овој кревет, познат и како Privacy Bed ви овозможува да го постигнете дури и невозможното – да бидете сами во просторија во која ќе се наоѓа вашиот партнер, децата и слично.

Многу е едноставно, бидејќи креветот нуди приватност како ниеден друг. Замислете си само, го земате со себе лаптопот, ја пуштате новата епизода од омилената серија и заборавате дека околу вас има луѓе.

tent-bed-privacy-pop-5

Да, наликува на шатор за кампување, ама, зошто да не? Дизајнот ќе ве врати во детството.

Признајте, ако добро размислите, ќе сакате да се затворите и да останете скриени внатре во следните три дена. Или барем пет.

Само што, голема е веројатноста дека ќе им се допадне и на вашите деца, па нема да можете да издржите толку долго без да ве вознемируваат и да се обидат да го заземат вашето место.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот