И вие можете да имате коса како Кејт Мидлтон

0

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, уште кога почна да излегува со принцот Вилијам, го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Освен со совршениот стас и беспрекорниот начин на облекување, Кејт привлекува внимание и со својата коса, којашто е секогаш совршено средена.

Многумина сметаат дека таа е подложна на некој прескап режим на нега. Но, нејзиниот начин на нега на косата може да го ископира секоја жена.

Кејт има природно бујна коса која бара многу нега за да изгледа феноменално. И токму тоа е нејзината тајна – редовна посета на фризер.

Фенирање три пати неделно

Косата на Кејт не се суши сама и набрзина пред да излезе од дома. За нејзиното миење и фенирање се грижат експерти кои три пати неделно ја фенираат за да добие совршен волумен. Кога е исфенирана, косата изгледа поуредно и поубаво, има подобар волумен и сјај, а фризурата трае неколку дена.

Здрави врвови

Кејт ги поткусува врвовите на косата секои 6 недели за да ја има истата должина и за нејзината коса да изгледа здраво.

Многу е важно врвовите да се поткусуваат редовно. Ако имате густа коса тоа можете да го правите и на секои 9 недели, а ако косата ви е ретка, кратете ја почесто и носете ја покуса за да добиете волумен.

Третман за кадриците

Дали сте знаеле дека Кејт има природно кадрава коса? Па за да добие големи кадрици и да ја опушти косата, таа користи производи кои ја ослободуваат косата од електрицитетот и редовно оди на третмани со кератин.

Бразилскиот третман со кератин ја држи косата под контрола до 14 дена.

Совет: ако ве мачи наелектризираната коса или лудите кадрици, купете си производи за нега на косата на база на кератин.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот