И вашето милениче може да развие алергија

0

Животните се подложни на алергии исто како луѓето. Иако не може да се најде решение за сè, сепак постојат начини да се намали чешањето на вашето домашно милениче, што е најчестиот симптом на алергија.

Ако забележите дека вашето куче или маче постојано се чешаат, лижат, гризат или ги грицкаат шепите, најверојатно имаат алергија. Симптомите вклучуваат и паѓање на влакната, отворени рани, запаление на кожата и инфекции на ушите. Кај мачките е карактеристично и тешкото дишење.

Најчестиот тип алергија кај мачињата и кај кучињата е атопијата, а настанува со вдишување алергени. Најчестите алергени се полен, коров, трева, мувла, па за да му помогнете на своето милениче, користете прочистувачи на воздухот, почесто бришете го правот од полиците, не ги отворајте прозорците и избегнувајте го пушењето. Препорачливо е дури и да користите детергенти без вештачки мириси кога ги перете ткаенините на коишто лежат тие.

Атопијата е често сезонска, но поленот може да биде проблем во текот на целата година. Концентрацијата на поленот во воздухот е најсилна во раните утрински и во доцните вечерни часови.

И каснувањето од болва може да предизвика алергиска реакција, па заштитете го миленичето уште во рана пролет, пред да почнат да се појавуваат болвите. Освен што ќе го третирате миленичето, важно е да го дезинфицирате и домот, ама и дворот во кој си игра вашето милениче.

Алергијата може да биде предизвикана и од храна, иако ова е многу ретко. Во овој случај посоветувајте се со ветеринар кој ќе ви посочи вистинска диета за вашето милениче.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар