И на трепките им треба нега

0

Трепките се обновуваат на неколку седмици. За вистинска нега, потребно е барем еднаш неделно да ги премачкате со масло од рицинус кое со памукче ќе го нанесете на ватичка за трепки. На памукчето ставете само 2-3 капки рицинусово масло затоа што ако ви капне во окото може да предизвика оток или црвенило.

Постојат и препарати кои го поттикнуваат растот на трепките, а по четири седмици тие стануваат погусти, потемни, подолги и поеластични. Овие средства во вид на лесен гел можат да се најдат во аптеките или во парфимериите. Дел од нив се во вид на маскара или ајлајнер и со четкичка се нанесуваат на окото – нанесете малку проѕирен гел вдолж трепките или по должината на раст на коренот на трепките, наутро и навечер, но на чиста кожа. Кога ќе се исуши гелот, врз него можете да нанесете маскара или друга шминка.

Подеднакво добар ефект има и гелот за поттикнување раст на веѓите, а тој се нанесува на самата веѓа која е претходно исчистена.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.