И кога е минус – правец надвор со детето

0

Се сеќавате на Вашето детство и оние денови кога најголем дел од времето го поминувавме надвор, дури и кога температурите беа на минус? Што се случи низ годините, пораснавме и станавме премногу одговорни или можеби ‘плашливи’ е точниот збор кој треба да се употреби..

Децата треба да бидат надвор и на ниски температури, сè додека не е загадено и опасно по живот.

Извадете ги децата надвор, однесете ги на најблиската планина, село, некаде подалеку од градскиот живот за да дишат чист воздух. Притоа, нека бидат облечени соодветно, без претерување и премногу слоевито облекување.

Нека трча и нека се радува, нека почувствува комплетно ослободување. Ако има снег, во тој случај не се двоумете ни минута, јакна, капа, шал, топли чизми и надвор на снегот.

Педијатрите велат дека претераната заштита на децата може да се одрази негативно не само на физичкиот, туку на психичкиот развој.

Ќе бидат поздрави

Кај децата кој голем дел од времето го поминуваат во домот, се јавува недостаток на витамин Д. Децата кои играат надвор имаат подобар вид и поретко се соочуваат со потребата од очила за подобрување на истиот. Исто така, на овој начин ќе го намалите времето кое го поминуваат пред екраните, кои дополнително го влошуваат видот.

Ќе бидат посреќни

Сонце, свеж воздух, потрошена енергија и црвено носе од студеното, а тие ќе имаат насмевка на лицето. Ова е сликата која ќе ја имате на крајот на денот кога детето ќе биде задоволно, желно за храна и добар сон.

Ќе стекнат нови пријатели

Како поминува времето, сè повеќе децата се оддалечуваат едни од други. По училишните активности во текот на студениот период, нивните активности се сведуваат на затворен простор. Кога е времето убаво и чисто, оставете ги да бидат надвор со останатите деца од зградата, улицата и да ја трошат акумулираната енергија.

За крај, сетете се како се чувствувавте вие кога родителите ќе ви забранеа да излезете надвор во зимските денови… А сега, правец надвор со детето.

Извор:family.rs

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот