Хвар – крал на Јадранот

0

Ако сè уште ја немате одбрано вашата дестинација за летен одмор, бидете сигурни дека ние денеска ја имаме најдобрата и таа се наоѓа на Балканот.

Ве носиме на најсончевиот остров на Јадранот, хрватскиот Хвар.

Тој е еден од од најпосетените и најтоплите острови од низата Хрватски острови во Јадранското море. Лоциран е во шумовит предел на борова шума и полиња со мирис на лаванда кој ги освојува сите сетила. Тие се само дел од карактеристиките кои прават Хвар секое лето да се наоѓа на светските листи на топ 10 најдобри острви во светот.

hvar (9)

Прекрасниот амбиент, старата архитектура, далматинската кујна, медитеранската клима, тиркизните плажи, фантастичните дискотеки и недопрената природа ја дополнуваат сликата за овој остров кој важи за еден од најпосетените на Јадранот.

Го нарекуваат и „крал меѓу далматинските острови“. Хвар е дестинација со интересна историја и култура за кои сведочат архитектурата, старите градови, осамените градби од антиката и приказните помеѓу локалното население.

hvar (6)

Хвар е името  и на главниот град на овој остров. Таму, на централниот плоштад ќе ве дочека уникатната венецијанска архитектура.

Во близина на Хвар се наоѓаат и Пеколните острови кои се наоѓаат на 20 минути пловење од главниот град. На Пеколните острови се случуваат одлични журки до раните утрински часови. Пеколните Острови се привлечни и за авантуристите кои сакаат нуркање и сурфање, но и оние кои имаат храброст да посетат нудистичка плажа. Тука се наоѓаат Стипанска и Јеролим, две нудистички плажи кои ја носат ознаката ФКК и се доволно изолирани.

hvar (3)

Хвар е одлична дестинација и за оние кои замислуваат одмор со многу коктели, музика, танцување и авантури, но и за оние кои сакаат мирен одмор во тишината и магијата на боровата шума.

Домаќините на Хвар се гостопримливи и покрај големиот избор на гастрономски волшепства од морска храна ќе ви го ја понудат и далматинската пршута,која е една од најдобрите што кога било ќе ги пробате и традиционалното хварското домашно вино.

hvar (10) hvar (8) hvar (5) hvar (4) hvar (2) hvar (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар