Хуманитарната страна на Кристијано Роналдо

0

Покрај тоа што Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на светот со најголема заработувачка, тој постојано е активен на хуманитарен план. Затоа ја доби тутулата најхуманитарен спортист на сите времиња.

Португалскиот фудбалер смета дека тоа што се заработува потребно е да се сподели со луѓето кои имаат потреба од помош.

Во неговите активности вброени се донациите за 10 месечно бебе кое имало потреба од  операција(53 000 фунти), донација за покривање на медицински и болнички трошоци на девет годишно дете болно од рак.

Тој исто така донирал 105 000 фунти во центар за истражување и борба против рак, институција каде неговата мајка била третирана од оваа болест.

Во однос на овие активности тој изјави:

“Мојот татко секогаш ме учеше дека треба да помагам на другите луѓе, а Бог ќе ми врати двојно. И тоа ми се случи. Секогаш кога ќе помогнев на некој друг, Господ мене ми помагаше повеќе”.

Неговата свесност е на високо ниво. На своите социјални мрежи постираше фотографија со својот син каде тие двајца држат друга фотографија на  5 годишно дете од Сирија, Ајмен, со цел да го сврти фокусот на децата бегалци од Сирија. Инаку тој од 2012 година е амбасадор на организацијата  Save the Children.

r

Во 2015 беше дел од кампања за подигнување на свеста и мотивирање на луѓето да донираат крв. Секоја година на светско ниво се вршат 234 милиони операции за кои е потребна крв.

r2__1469203785_77.28.156.76

Бројни се хуманитарните активности на Роналдо, кој дефинитвно е пример за тоа дека секоја јавна личност може позитивно да влијае на светот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.