Хју Џекман и Дебора Ли Фернес: Дали совршениот брак бил отсекогаш толку совршен?

0

Холивуд го обожава, но сите обожавателки му замеруваат поради бракот со 13 години постарата Дебора Ли Фернес, која освен по годините не им е волја и заради  вишокот на килограми. Но, за глумецот Хју Џекман тоа не претставува никаква пречка да биде во врска со постарата глумица, во која се заљубил на снимањето на серијата „Koreli“ уште пред 22 години, а нивната љубов се уште трае.

„Кога ја запознав не можев да опишам што почувствував, а и не бев свесен за тоа. Никогаш во животот не сум бил толку сигурен во ништо друго. Сто проценти бев сигурен дека таа е личноста со која сакам да го поминам мојот живот. Што и да се случи знам дека ќе останеме засекогаш заедно. Таа е најдобрата жена што ја познавам.“

Но кој знае што се можело да се случи доколку глумицата Дебора Ли Фернесс, се држела до своите одлуки кои гласеле: „Никогаш повеќе нема да имам врска со некој глумец, ниту помлад од 30 години.“ Судбината, сепак била помоќна.

Тринаесет години постарата глумица со потекло од Австралија, во 1995та кога нејзината кариера земала полн замав, ја добила улогата во серијата „Koreli“ на чие снимање се запознала со глумецот Хју, кој веднаш се заљубил во постарата колешка.

Верувам дека постојат сродни души. Го запознав Хју и веднаш „кликнавме“. Го погледнав и си помислив – Колку вреди да го имам како пријател во животот, а потоа сето тоа се разви во нешто сосем друго.“ -изјави Дебора Ли Фернесс.

Три ипол месеци подоцна Џекман се појавил со дијамантски прстен од платина по избор на глумицата. Веридбата била романтична. Тој испланирал се до најмал детал.

Една година по нивното запознавање тие се венчале.

Но, да се остане во брак цела 21 година, воопшто не е лесно, особено во светот на богатите и славните.

„Ја побарав по телефон и се преправав дека сум се уште на снимање и реков дека ќе ја побарам повторно подоцна. Ја шокирав кога се појавив кај неа пред врата. Резервирв ручек во нашиот омилен ресторан и беше прекрасно.“

Она што тој го ветил уште на самиот почеток од бракот е дека никогаш нема да дозволи да бидат разделени повеќе од две недели. И до ден денес се држи до тоа правило.

„Кога ја запознав таа позади себе веќе имаше снимено 20 филмови. Ми кажа дека точно знае како разделбите влијаат на врската; дека луѓето едноставно се навикнуваат да бидат раздвоени и да се соочуваат сами со проблемите. Токму затоа ние постојано разговарме, а тоа е клуч за успех на секоја врска.“

За жал во нивниот брак не било се така совршено. Дебора не можела да му роди на глумецот деца. Доживеала два спонтани абортуси, па така парот се одлучил да посвојат деца – синот Оскар и ќерката Ава кои им се посебна радост.

„И двајцата сакавме деца и сонувавме да оформиме свое семејство. По нејзиниот втор абортус и реков: Одсекогаш сакавме да посвоиме деца. Размисли за тоа.“

Иако се согласила на тоа, сепак таа одлучила да се обиде со вештачко оплодување. Но, австралијанскиот закон гласи дека ако личноста подигне постапка за вештачко оплодување нема право и на посвојување. Затоа Дебора Ли се откажала од нејзиниот сон и заедно со Хју посвоиле син и ќерка.

Хју имал тешко детство. Тој бил петото и најмладо дете во семејството. Неговите родители се преселиле од Англија во Австралија пред неговото раѓање, а неговата мајка никогаш не се навикнала на тамошниот живот. Затоа и го науштила семејството и се вратила во Англија. Повремено го посетувала семејството, најчесто за летните распусти, но сепак на Хју многу му недостасувала мајчиното присуство.

Кога имал 12 години, татко му отпатувал во Англија за да ја разубеди сопругата да се врати во нивниот дом. Тогаш во младиот Хју се родила надеж дека неговото семејство повторно ќе биде заедно, но кога татко му се вратил сам, во Хју се родил бес.

Сепак и покрај се, тој и мајка му се во добри односи.

За неговиот добар однос со мајка му многу помогнала и неговата сопруга Дебора Ли, со која често разговарал на таа тема. Сфатил дека разводот помеѓу неговите родители е само помеѓу нив двајца и нема никаква врска со родителството и воспитувањето.

Во врска со неговиот брак и сопруга, Хју не го интересираат трачевите и озборувањата.

Тој изјавил: „ Kој и да ја запознае мојата сопруга, прво нешто што ми кажува е – Tи си OK, но твојата сопруга е одлична. Секоj кој ќе ја запозне Дебора веднаш се заљубува во неа.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот