Хроно рецепти – брзи и лесни за подготовка

0

Неколку рецепти кои можете да ги подготвите сами.

Луѓето кои се хранат по системот, редовно ги споделуваат своите рецепти и нови искуства на социјалните мрежи. Овојпат, следуваат рецепти споделени на Pinterest.

Рецепт број 1:

Вегетаријански палео палачинки без глутен

Состојки:

-1/2 главица карфиол

-1/4 чаша стар кромид

-6 млади кромитчиња

-2 јајца

-сол

-масло и оцет

-2 лажици кокосов масло

-1/4 лажица вода

Начин на подготовка:

Водата се зоврива во високо тенџере. Штом зоврие, ставете го карфиолот, промешајте, покријте го тенџерето и исклучете ја ринглата. Наместете го тајмерот на 10 минути, време кое му е потребно на карфилот да се обари. Потоа, исцедете ја водата и оставете го да се излади.

Во голем сад, изматетете ги јајцата. Потоа ставете ги младите кромидчиња, карфиолот, другиот кромид и солта. Кокосовотo масло се загрева во друг сад на средна топлина. Потоа се ставаат јајцата со мешавината и заедно се готви околу 5 минути додека не добие златеста боја. Се превртува палачинката од другата страна и штом биде готова, тргнете ја, а постапката повторете ја со останатиот дел од смесата.

Рецепт број 2 

Мајонез од авокадо 

Состојки:

-1/2 лажица лук во прав

-1 јајце

-1 лажица сок од лимон

-1/2 лажица сенф

-1/2 шолја масло од авокадо

-1/2 лажица сол

-1/2 шолја маслиново масло

Начин на подготовка:

Извадете го јајцето од фрижидер 30 минути пред да го подготвите мајонезот.

Во голема тегла со широко грло или друг цилиндричен сад, скршете го јајцето и ставете ги останатите сотојки.

Ставете го иглестиот блендер до дното на теглата. Вклучете го и матете ги состојките околу 20 секунди. Без да го исклучите и тргнете блендерот, полека почнете да го вадите од дното нагоре, за да бидете сигурни дека целата смеса ќе остане во теглата, наместо на апаратот.

И толку! Веќе сте добиле кремаста смеса, здрав мајонез кој можете да го ставите на омилениот сендвич. Ставете го фрижидер и имате мајонез за една недела. Ако до тогаш не го изедете, ќе мора да направите нов.

А сега, пријатно јадење.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот