Хранете го срцето правилно!

0

Доколку сте одлучни да се храните здраво, обрнете му внимание и на срцето, како најважниот орган во човечкото тело. Помогнете му на срцето да остане во здрава состојба со консумирање на намирници кои ќе ви го чуваат здрав кардиоваскуларниот систем и ќе ви го продолжат животот.

Јаболко

Со редновното конзумирање на свежи јаболки му правите услуга на вашето срце. Доколку јадете две јаболки на ден, го намалувате ризикот од инфаркт. Истржувањата покажуваат дека јаболките го намалуваат ризикот од малигни заболувања.

Соја

Истражувањата покажаа дека сојата содржи 10 пати повеќе антиоксиданси од виното (познато е дека виното во мали количини е здраво за срцето). Доколку почесто јадете соја, вашето срце ќе биде поздраво. Посебно се препорачува доколку вашето срце е оштетено поради дијабетис, вишок на килограми или пушење.

hrana-za-zdravo-srce (1)

Брокула

Брокулата е важен сојузник во вашата мисија за здраво срце и крвни садови. Редовното конзумирање го одржува здравјето на срцето, а исто така ги прави крвните садови поеластични. Покрај тоа, изобилува со железо, витамини А и Ц, како и витамини од групата Б.

hrana-za-zdravo-srce (4)

Јаткасти плодови

Бадемите, семето од лен, ф’стаците, сусамот и семките од сончоглед го намалуваат лошиот холестерол. Оревите ги намалуваат триглицеридите. Поради тоа, консумирајте по половина шака дневно од овие плодови и семки за ужина.

hrana-za-zdravo-srce (3)

Чоколадо

Зборуваме  за темното чоколадо кое во себе содржи висок процент какао. Токму какаото помага во намалувањето на крвниот притисок, ги намалува воспалителните процеси и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем.

hrana-za-zdravo-srce (5)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот