Хранење на гулаби во Италија е со закон забрането; Што не смеете да правите во светските метрополи?

0

Во последно време стана популарно да ги напаѓаме луѓето кои не може да се прилагодат на обичаите на земјите кои ги посетуваат при патување, па најдовме нешто интересно што може да ви послужи како водич во неколку земји.

Патувањата носат различни обичаи, па еве неколку интересни „правила“ кои важат за популарните светски дестинации, а за кои веројатно не сте ни знаеле.

Хранење на гулаби во Италија– во Венеција тоа не е само непожелно, туку и со закон забрането.

StMarks-birds-ianrobertknight

Колку заработуваат во Велика Британија– освен ако навистина не сте блиски со личноста кон која го упатувате ова прашање, кога се работи за пари и месечни примања во Британија не се разговара за тоа.
ex_op_536c91288d4a5

Оставање напојница во Јапонија– Не само што не е потребно туку овој гест е и  непожелен. Оставањето на напојница во одредена сума за услугата се смета за навреда. Затоа заборавете на тоа кога се наоѓате во Јапонија- такси, ресторани или кафулиња.
Yamashiro-pagoda-view_54_990x660

Свиркање во Нов Зеланд– таму момците не довикуваат и не свиркаат по жените на улица, бидејќи тоа се смета за непочитување. Ова не би требало да го прават ни туристите.
Ако подобро размислиме и кај нас е со истото значење, но за жал многу не се придржуваат кон истото.
lillith1_zpsa839ed85

Гуми за џвакање во Сингапур – во Сингапур е забрането носење на гуми за џвакање, освен во случај на стоматолошки или никотински потреби кои се пропишани од страна на лекар. Уште еден совет – не јадете додека се возите со јавен превоз.
eating-on-train_2874897b

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.