Храна која спречува многу болести

0

Недостатокот на физичка активност, нездравиот начин на исхрана како и долгочасовна и постојаната работа покрај компјутер влијае штетно на вашето здравје.

За таа цел ви откриваме која храна е потребно да ја косумирате доколку сакате секојдневно да го одржувате вашето здравје и да останете во одлична форма додека работите.

Ако постојано се чувствувате изморено, тогаш на вашето тело му се потребни следниве производи.

Храна која ги штити вашите очи

 

И покрај фактот дека технолошкиот напредок брзо се движи напред, постојаното седење покрај вашиот компјутер му штети на вашиот вид и штетно влијае на вашите очи.
За да ги задржите вашите очи здрави, треба да јадете производи богати со омега-3 масти, лутеин (антиоксиданс кој ги штити очите), цинк и витамини А, Ц и Е:

– Зеленчук
– Јајца
– Цитрусни овошја
– Бобинки
– Јаткасти плодови и семиња
– Мрсна риба (лосос, туна, скуша, пастрмка)

Производи кои го штитат вашиот имунолошки систем

Канцеларијата е совршено место за ширење на бактерии, бидејќи многу луѓе остануваат во затворен простор по цел ден. Не е ни чудо што некој со едноставна настинка лесно може да ги инфицира сите други. Спречувањето на болеста не е тешко: следете ги основните мерки на претпазливост и да јадете повеќе производи кои го зајакнуваат вашиот имунолошки систем:

– Цитрусни овошја
– Црвени пиперки
– Брокула
– Лук
– Ѓумбир
– Киви
– Папаја

За одлична работа на метаболизмот

Колку побрзо вашиот метаболизам функционира, толку повеќе калории ќе гори. Канцелариски работници кои седат поголем дел од денот треба да помогнат нивниот метаболизам да работи ефикасно. Следниве производи ќе ви помогнат да ја забрзате работата на вашиот метаболизам и да ја одржите нормалната телесна тежина:

– Морска трева /алги
– Кафе
– Чај
– Зачини
– Зрнести плодови (грав, леќа, грашак…)
– Посно месо (пилешко, мисирка)

За подобра работа на мозокот

Доброто исхрана не само што има позитивно влијание врз вашето тело туку и врз функцијата на мозокот. Мозокот е главна работна алатка на канцелариските работници. Овие производи ќе им помогнат на вашите сиви клетки да функционираат што е можно побрзо и, како бонус, ќе ги забават промените поврзани со староста:

– Мрсна риба (лосос, пастрмка)
– Боровинки
– Ореви и семиња
– Храна богата со растителни влакна (каша, леб од цели пченица, кафеав ориз)
– Сок од калинка
– Темно чоколадо

За добра работа на цревата

Според некои истражувања, 10 години или повеќе работа во седечка положба го зголемува ризикот од некои видови рак на дебелото црево. Можете да се обидете да го спречите тоа со редовно вежбање (дури и кога сте на работа) и одржување на здрава исхрана која ја вклучува следната храна:

– Брокула
– Спанаќ
– Цитрусни овошја
– Бобинки
– Храна богата со растителни влакна

Исто така треба да се обидете да го минимизирате количеството на црвено и преработено месо (како колбаси и салами) во вашите оброци. Тие може да го зголемат ризикот од колоректален карцином.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.