Храна која не смеете да ја носите на плажа

0

Ако планирате целодневен престој на плажата, сигурно ќе спакувате и малку храна…

Од реквизити за на плажа до добро раположение, торбата сигурно ќе ви биде преполна со работи кои мислите дека ќе ви бидат потребни за да поминете цел ден на плажа. Тука секако спаѓа и храната како и пијалоците.
Но дали ќе понесете храна која одговара на жештините или пак ќе погрешите?

Дознајте каква храна не смеете да носите на плажа, бидејќи брзо се расипува и покрај рачниот фрижидер кој брзо се загрева…

1. Премногу масно, солено и кремасто
Одбегнувајте чипсови, сенвичи со поховано месо, кремасти намази и храна која содржи јајца. Tаквата храна заменете ја со здрави оброци како: чипс од некое овошје, јаткасти плодови и намирници со шеќер како шаргарепа или вишни.

2. Газирани или било какви пакувани сокови
Поради големата количина на шеќер одбегнувајте ги пакуваните и газирани сокови. Нема да ве освежат туку ќе поттикнат дехидрација во организмот. Наместо вакви сокови, конзумирајте вода или направите сок од грепфрут кој изобилува со витамини.

zenski-magazin-plaza-i-hrana(3)3. Сувомеснати производи
Одбенувајте било какви сувомеснати производи- од шунка до паштети и намирници кои содржат парчиња на такво месо. Покрај тоа што брзо се расипуваат од жешкото, овие намирници ја „крадат“енергијата од телото, наместо да ја стимулираат. Наместо таква храна понесете свеж зеленчук а доколку сте љубители на месо најдобро е  месото подготвено на скара.

4. Печено месо на скара
И покрај тоа што на плажите се наоѓаат ресторани со богати понуди за месо, одбегнувајте тешка храна која нема да ви прија, па наместо тоа, определете се за лесна храна како овошје и зеленчук.

zenski-magazin-plaza-i-hrana(2) zenski-magazin-plaza-i-hrana(5)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар