Храна која е идеална за навечер

0

Една од вечните дилеми на сите луѓе кои се грижат за здравата исхрана и нивната витка линија е дали да вечераат или не. Но, доколку вашиот ден почнува доцна наутро, цел ден сте активни, тогаш незамисливо е да не вечерате. Еве кои намирници слободно може да ги консумирате навечер, без да броите калории.

Сирење

Едно парче нискомасно сирење ќе ве засити и ќе може мирно да заспиете, а содржи само 80 калории.

Пченкарни снегулки

Пченкарните или овесни снегулки не се многу калорични, а заситуваат што ги прави идеални за вечера.

Шолја јогурт

Јогуртот е богат со калциум кој помага во намалување на масните наслаги, затоа слободно може да го пиете пред спиење. Содржи пробиотици, што значи дека ќе им помогне на вашите црева да работат подобро и ги смирува желудочните кислини.

Пилешко бело месо

Ова место се смета за најдобрата опција за вечера бидејќи содржи висококвалитетни протеини со ниско ниво на масти.

Банани

Иако некои ги консумираат за појадок, бананите се одлични и за вечера бидејќи не ве дебелеат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот