Houbigant – омилениот парфем на Марија Антоанета и Наполеон III

0

Jean Francois Houbigant во 1774 година ја основал познатата компанија уште додека бил млад, на 23 годишна возраст. Скромен бутик под името “A la Corbeille de Fleurs”, на улицата Faubourg Saint-Honore, број 19.

Првиот асортиман го сочинувале тоалетна вода, мирисни ракавици и пудра. Повеќете од производите ги купувала аристократијата, племството и свештенството, како и познатите личности во француската јавност за тоа време.

Меѓу најпознатите клиенти била и кралицата Марија Антоанета, за која кружи урбана легенда дека пред да замине од Париз, ги набавила Houbigant парфемите – Eau de Mousseline и Eau de Millefleurs, кога заедно со Луј XVI маскирани како слуги, во обидот за бегство биле разоткриени токму по нејзиниот парфем. Наводно, на гилотина заминала со 3 шишиња Houbigant парфем кои и биле скриени во корсетот.

Компанијата успешно ја преживеала француската револуција, а Јean Francois Houbigant го оставил наследството на својот син, откако за него работел Chardin, личниот парфимер на Наполеон III. Victor Masson во книгата „Сеќавање за Света Елена“ наведува дека жената на Наополеон, Жозефина, била заљубена во парфемите на Houbigant, така што ги чувала во патувачките ковчези на Наполеон додека биле на освојувачки походи низ Европа.

Останатите познати клиенти и поклоници на Houbigant биле Толстој, Guy de Maupassant, семејството Rothschild, како и членови од италијанскиот и холандскиот двор. Принцезата Аделаида Орлеанска(1829), англиската кралица Викторија(1938), Наполеон III(1870), рускиот цар Николај(1890), сите тие со официјална лиценца го прогласиле Houbigant за свој личен дворски парфимер.

После Chardin, компанијата ја презеле Magny и Gabillot,а после нив како сопственици се потпишуваат Javal & Paul Parquet. Paul Parquet бил од исклучително значење за куќата на Houbigant и историјата на производството на парфеми воопшто, како прв парфимер кој има воведено употреба на синтетичка материја во својата мирисна композиција. На тој начин креаторот создава нова мирисна група и првиот папратен парфем – Fougere Royale од 1882 година, кој доживеа реинкарнација во 2010 година, како дел од обновениот асортиман на Houbigant.

На почетокот на 20.век на тимот му се приклучува парфимерот кој станал помошник и штитеник на Paul Parquet и Robert Bieniame. Тој во 1913 година го креирал класичниот Quelques Fleurs, парфем кој се смета за првиот модерен мултифлорален мирис и предводник на оваа група. За една од најпознатите светски изложби во Париз во 1900 година, Paul Parquet го претставил Houbigant во посебно издание – Coeur de Jeanette.

Houbigant учествувал на сите важни саеми и изложби, каде била претставена понуда од висок луксуз, па се до онаа со пристапни цени. Работата почнала да се шири и надвор од Европа, стигнала до Северна Америка, преку Куба до Бразил и Аргентина, а преку Азија до Јапонија и Кина, па се Австралија.

Последниот голем парфем за Houbigant, Chantilly е креиран во 1941 година, но тогаш фабриката била бомбардирана, а после Втората светска војна никогаш не била обновена. Michele Perris, работејќи за престижни компании од светот на козметиката и парфемите, дошол во контакт со потомците на семејството Houbigant во 1973година и почнал да се бави со парфеми, најпрво како консултант. После 7 години соработка, благодарение на пријателството кое што го стекнал со семејството, тој ја отворил својата прва компанија со идеја да ја оживее дистрибуцијата на Houbigant парфемите.

Кога се повлекол и последниот член на ова познато семејство, работата ја наследило семејството Perris, кои и денес чувствуваат обврска и почит кон куќата Houbigant и се трудат да ја вратат честа и престижот кој им припаѓа. После долги години напорна работа и труд, конечно во 2005 година почнува нова страница за историјата на Houbigant.

Парфемемот е достапен во Anabella Beauty Spot Мериот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.