Хотели кои се грижат за вашето здравје

0

Денес скоро и да не постои барање на размазените туристи на кое најдобрите светски хотели немаат веќе спремен одговор и решение. Тие имаат тимови кои се грижат за сите ваши желби, и мислат и на оние работи на кои вие не сте ни помислиле.

Можете да останете фит дури и кога патувате, не е невозможно. Секогаш има начин, а има и хотели кои ќе ви помогнат во реализација на таа желба. Еве и како.

Изговор: Немам време за вежбање
-Групацијата IHG (international hotel group) во својот состав има и хотелски ланец во чии соби се наоѓа посебна фитнес зона. Тоа ви пракса значи дека по моментот кога ќе се пријавите во хотелот, во вашата соба ќе ве дочека паркет, топки за пилатес, еластични траки, како и предлог вежби кои можете да ги применувате.

Affinia хотелите се гордеат со грижата која ја водат за здравјето на своите клиенти, нивниот Walking Tour Kit содржи Ipod Shuffle со плејлиста за вежбање, педометар и пешкир, додека Stay Fit пакетот вклучува простирка за јога, еластични траки, тегови, како и ДВД-сет со јога и пилатес вежби.

хотел 2

Изговор: Неопходно ми е некој да ме мотивира
-Во Лондонскиот 45 Park Lane на рецепција можете да земете простирки и еластични траки, како и видео снимки кои локалниот фитнес гуру Matt Roberts ги има снимено специјално за гостите на хотелот.
Канадскиот бренд специјализиран за јога, Lululemon, ги здружи силите со хотелот Shangri-La во Торонто за да створат серија филмови од по 25 минути кои можат да се гледаат на телевизорите во собите или на Ipad.

хотел (1)

Изговор: Во коферот немам доволно место за опрема за вежбање
-Westin веќе со години на своите гости им нуди опција да си изнајмат New Balance спортска опрема. Членовите на loyality клубот во хотелот Fairmont, на барање можат да добијат фитнес опрема со потпис на Reebok. А пак Трамповите хотели нудат можност за превземање на на Travel Fit пакети, кои содржат Under Armour опрема и Ipod.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.