Хотел Влахо- највисоко рангиран бутик хотел во центарот на градот

0

Бутик хотелот Влахо се наоѓа во центарот на градот Скопје и претставува уникатно место со топла атмосфера и специфичен дизајн. Располага со неколку различни типови на соби за сечиј стил каде секој може да го пронајде мирот кој го посакува и да ужива во комфортот како и да ги изврши своите секојдневни обврски.

Препознатлив по сопствениот изглед, овој бутик хотел во современ стил и уникатен дизајн, оддава чувство на топлина и релаксација.

Пријателскиот однос на вработените како и љубезноста и елоквентноста се приоритети. Персоналот е неверојатно услужлив и грижлив, па затоа не е ни чудно што токму овој хотел го посетуваат како гости од странство така и домашни гости, без разлика дали се дојдени на бизнис патување или одмор, дали доаѓаат прв пат или веќе биле гости. Коментарите се секогаш позитивни во однос на изгледот, уредноста, услугата и цената.

Она по што е значаен Хотел Влахо е тоа што остава позитивен печат за нашиот град бидејќи може да ја добиете секоја потребна информација, каде да се упатите, мапа на градот и места кои треба да ги посетите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот