Хороскопските знаци под дејство на алкохол

0

Луѓето често своите карактеристики и ситуации во кои се нашле, сакаат да ги препишат на хороскопот, бараат логично објаснување преку карактеристиките на својот хороскопскиот знак.

Ако се водиме според астрологијата, дознајте како реагираат знаците кога се под дејство на алкохол…

ОВЕН
Овните сакаат да пијат шотови и обожаваат забавни игри со алкохол. Тие се многу забавни за околината и ги засмејуваат сите околу себе. Ако сте во друштво на овен во комбинација со алкохол, бидете подготвени да ја чуете суровата вистина.
Тие во својата безгрижна и непослушна опијанета состојба, знаат да имаат доста остар јазик иако намерата не им е лоша.

БИК
Биковите сакаат да се смеат и ќе направат сите наоколу да се смеат со нив. Тие стануваат лекомислени, особено кога саканите се покрај нив. Не очекувајте да се однесуваат соодветно, бидејќи биковите под дејство на алкохол стануваат екстремно несмасни. Но, не грижете се, тие за сетоа тоа ќе се смеат во текот на целата вечер.

БЛИЗНАК
Не дека тие некогаш може да се сопрат кога зборуваат, но близнаците обожаваат да зборуваат уште повеќе кога се пијани. Тие се мастери за флерт и се способни да се поврзат со било кој што е добар слушател. Може да станат многу сентиментални кога се под дејство на алкохол. Тоа може да ги иритира останатите кои се потрезни, но ги радува оние на кои им е преку глава од таинственоста на близнаците во врска со своите емоции.

РАК
Раковите тешко одбиваат пијалак, тие обожаваат забава и секогаш се ”ЗА” пијачка и ноќни лудории. Нивното однесување под дејство на алкохол е непредвидливо и тие се присутни насекаде. Понекогаш доколку емоциите ги преплават, знаат да заплачат, па дури и во јавност, негрижејќи се за туѓото мислење.

ЛАВ
Кога лав е пијан тој не сака да се тргне од подиумот. Комбинацијата на алкохол и музика за лавовите е како терапија. Тие никогаш нема да признаат дека се опијанети и имаат високо ниво на самоконтрола.

ДЕВИЦА
Девиците не се големи љубители на пијанството, тие едноставно сакаат да се поднапијат доволно за да си го подигнат расположението на повисоко ниво. Тие се поголеми фанови на домашни забави отколку барови и клубови бидејќи сакаат да се релаксираат.

ВАГА
Вагите пијат и не знаат да престанат. Се доведуваат себе си во неочекувани и чудни ситуации поради тоа, но тие никогаш не се каат за она што го прават додека се под дејство на алкохол. Околината е навикната на нивната забавна енергија и сите уживаат во нивно присуство.

ШКОРПИЈА
Шкорпиит се саркастични кога пијат, а многу луѓе би ги опишале како неверојатно паметни. Сакаат да покажат отворено дека се под дејство на алкохол и или ја напуштаат забавата прерано или остануваат помеѓу последните присутни. Не се грижат дали некој навредиле додека се под дејство на алкохол, но наредниот ден ќе го поминат размислувајќи за тоа и ќе се чувствуваат лошо, наместо да се извинат.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците се секогаш за забава и за спонтани авантури. Сакаат да истражуваат и наоѓаат нови локации или одат на домашна забава кај луѓе кои не ги познаваат. Тие стануваат многу безгрижни кога се под дејство на алкохол, што им го олеснува патот до наредниот пијалак. Нив не ги интересира што мислат другите за нивната пијана состојба.

ЈАРЕЦ
Јарците го знаат својот лимит и саат да се држат под својата граница, но кога имаат намера да си дозволат повеќе алкохол во својот организам, тие пијат огромна количина. Тие не би направиле ништо што би им наштетило на репутацијата и угледот, но никогаш не им кажувајте дека постои нешто што не можат да го направат… Бидејќи ќе ви го докажат спротивното.

ВОДОЛИЈА
Водолиите се шарлантни кога се под дејство на алкохол и не го сфаќаат животот сериозно. Сакаат да раскажуваат приказни и да ги преовеличуваат работите за да звучат неверојатно и интересно, иако сечие внимание е веќе насочено кон нив. Водолиите се оние кои секогаш го вадат мобилниот телефон со уклучена камера бидејќи обожаваат да го овековечат секој момент во текот на вечерта.

РИБИ
Кога рибите пијат знаат да бидат неуредни и смели конзумирачи на алкохол. Тие секогаш бараат причина за да нарачаат уште едно пиво и ќе бидат меѓу последните кои ќе ја напуштат просторијата. Рибите наредното утро кога ќе се разбудат мамурни, често имаат празнини во меморијата и си ветуваат себе си дека нема повеќе да пијат алкохол, нормално – се до следното излегување во бар.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот