Хороскопските знаци од најдобар до најлош љубовен партнер во 2018 година

0

Сите сакаме да знаеме што ќе не очекува во новата 2018та година, како во работата, така и во љубовните односи.

Астрологијата постојано ни нуди одличен и забавен начин да го сториме тоа, па според неа погледнете ја листата од најдобри до најлоши хороскопски знаци на љубовно поле и дознајте што ве очекува…

1. Вага
Од сите знаци, вагите се без сомнение најлојални. Тие се многу чувствителни и земаат сè при срце. Бидејќи имаат проблеми со довербата, ако знаете како со нив и ако им помогнете да ги надминат своите несигурности кои во новата година ќе бидат поизразени, ќе имате некој кој ќе ве сака безусловно. Ќе ви ја покажат љубовта преку големи гестови и ќе ве воздигнат до небо.
Ако имате вага покрај вас, ценете ги на начин како што заслужуваат.

2. Шкорпија
Шкорпиите делуваат лоши на прво видување, но тоа е само бидејќи се многу чувствителни и се обидуваат да се заштитат. Обично срцата кои се штитат така, сакаат најсилно. Кога ќе го освоите срцето на шкорпијата, ќе имате негов дел до крајот на животот. Ова е партнер кој секогаш ќе биде искрен со вас дури и кога вистината ќе боли и тој секогаш ќе ве почитува. Ако му докажете дека сте достојни за него, никогаш нема да престане да ве усреќува. Во новата година нема да биде лесно да го освоите неговото срце, но кога еднаш ќе го постигнете тоа, ќе биде невозможно да го преболите.

3. Риби
Најголемиот проблем на рибите во 2018та година кога е во прашање љубовта ќе биде изборот на погрешен партнер. Тие секогаш го гледаат најдоброто во луѓето и даваат премногу шанси, дури и кога другиот не заслужува. Тоа не е така бидејќи немаат самопочит, туку бидејќи не веруваат во граници или пречки кога станува збор за љубовта. Рибите се безнадежни романтичари и знаат да сакаат многу силно. Често другите тоа им го злоупотребуваат, но тие секогаш се надеваат дека ќе го најдат вистинскиот.

4. Рак
Раковите имаат слично срце како рибите и никогаш нема да имаат лоши намери кон никого. Тие многу се грижат за чувствата на другите луѓе и не сакаат никој да навредат, па затоа се многу внимателни. За нив партнерот им е најголем приоритет. Тие паметат сè што ќе им кажете и многу се размислуваат за нештата. Потребно им е многу внимание, но заслужено, бидејќи знаат да дадат многу повеќе. Сите овие карактеристики на ракот ќе бидат особено изразени во новата 2018та година.

5. Бик
За разлика од претходните знаци, биковите се многу тешки, но и одлични партнери. Тие обично се многу трпеливи и стабилни, што нема да биде случај и оваа година. Ќе сакаат доминантност во врската и нивното трпение ќе биде намалено. Но, ако можете да ја разберете нивната природа, ќе забележите како безмилосно се борат и ќе увидите колку работи би прифатиле за вас. Нема да сакаат да кажуваат како се чувствуваат, но секогаш ќе ви покажат.

6. Стрелец
Тие се тешки кога е во прашање посветеноста во врската. Фокусирани се на нивниот живот и на нивните цели. Тоа нема да се промени и во 2018та година ќе им биде уште потешко да размислуваат во пар. Ќе сакаат сами да се справат со проблемите и да не покажат ранливост. Нивниот социјален круг се состои од само неколкумина према кои чувствуваат доверба, а во оваа година тој може да се намали. Сепак, ако наидат на вистински компатибилен партнер, лесно можат да се променат и да покажат колку љубов се способни да дадат.

7. Водолија
Водолија е многу независна и во врските им е потребен некој кој ќе ги задржи на долга стаза. Со таа слобода доаѓа лојалноста. Ако имате водолија покрај вас, знајте дека никогаш нема да ве изневери – ни физички, ни емоционално. Сепак, оваа година тие ќе бидат особено претпазливи и нема да влезат во врска доколку не се 100% сигурни дека таа врска ќе успее и ќе трае долго.

8. Близнаци
Близнаците се интересни и големи авантуристи. Кога вистински сакаат да бидат во врска, тие можат да бидат најдобри, најлојални и најпосветени партнери на светот. Постојат големи шански дека токму тоа ќе се случи во 2018та, но нема да ја потиснат својата себична страна. Без разлика на искрената љубов, ќе ги искористат ситуациите во своја корист. Овие манипулации иако не се злонамерни, можат да нанесат голема штета на партнерот. Близнаците се слаткоречиви и како што можат да ве кренат високо до небо, тие се способни да ве треснат на земја уште посилно.

9. Лав
Да се ​​биде во врска со лав значи дека мора да им дозволите да бидат во центарот на вниманието и секогаш во центарот на вниманието. Тие се способни многу повеќе да зборуваат, отколку да слушаат. Понекогаш се чувствителни, но не сакаат да покажат. Лавовите се обично многу тврдоглави и тешко е да се добие извинување од нив. Во 2018та година нивната тврдоглавост малку ќе омекне и ќе бидат поотворено кога е во прашање љубовта. Ќе бидат голема поддршка за својот партнер, карпа на која ќе може да се потпре кога ќе му биде најмногу потребно.

10. Јарец
Јарците се тешки партнери, бидејќи се навистина срамежливи кога прво ги запознавате и потребен е многу голем труд за да го освоите нивното срце. Постојатно ќе се сомневаат и ќе ве тестираат. Ова се особини кои многу тешко можат да се искоренат од неговата природа, па не го очекувајте тоа ни оваа, ни наредната година. Ќе ги оттурнат луѓето од себе бидејќи се многу ладни и ќе ги истурат своите лични фрустрации на други луѓе поради своите многу високи и нереални стандарди. Сепак, тие имаат и позитивна, семејна страна и знаат да пружат многу ако се почувствуваат безбедно.

11. Овен
Овенот е тежок и поседува многу карактеристики кои не се лесни за справување. Имаат краток филтер и остар јазик. Ги очекува стресна година во другите полиња на животот, па тоа ќе им влијае и на љубовта. Ќе бидат во состојба да кажат работи што не ги мислат, со што можат лесно да го навредат партнерот. Нема да имаат многу волја да размислуваат за љубовта, но секогаш умеат да сакаат. Се што треба е да го научите нивниот јазик на кој ја изразуваат љубовта што ја чувствуваат.

12. Девица
Најголемиот недостаток на девицата е тоа што тие се стремат кон совршенство и се плашат дека никогаш нема да најдат нешто доволно добро за нив. Нивните партнери секогаш се чувствуваат како да не се трудат доволно. Девиците се лојални и се трудат, многу се одговорни, но овој пат нивната кариера ќе им биде поважна од љубовта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар