Хороскопот ќе ви открие дали е готово помеѓу вас и вашиот партнер

0

Секој хороскопски знак има посебно однесување кога љубовта во него умира.

Овен
Овните не знаат да лажат и да одржуваат лажна слика кога е врската во прашање. Со нив ќе знаете дали е крај според тоа колку се заинтересирани за вас. Можеби нема директно да ви кажат но барем ќе можете да приметите кога е крај.

Бик
Порано вашиот партнер од овој знак ви купувал цвеќе, подароци парфеми. Сега веќе тоа го нема, а и кога ќе ве изнесе на вечера не обрнува внимание што говорите. Нема веќе нежности на кои сте навикнале. Тоа се знаци дека бикот станал незаинтересиран за вас.

raskin 2

Близнаци
Близнаците имаат многу пријатели, и сите поред нив се чувствуваат посебно. Но ако приметите дека тоа не е веќе случај, треба да се загрижите. Ќе пронајдат милион изговори за да не поминат време со вас, а и сексуалната незаинтересираност ќе ви биде јасен показател.

Рак
Ако вашиот рак и понатаму се смее со вас, ако е и понатаму романтичен и се грижи за вас, тогаш нема за што да се грижите. Но ако почне да се однесува непријантно, да негодува и да се однесува како емоционална жртва, тогаш треба да знаете дека крајот е близу.

Лав
Лавовите се дарежливи, па дури и кога не чувствуваат исто кон вас тие ќе продолжат да ви даваат поклони но нема веќе да бидат толку скапи како некогаш. На крај ќе ве остават и ќе ви кажат дека сакаат да останете пријатели.

Девица
Ако девицата е незаинтересирана за вас тогаш прво нешто што ќе приметите е дека е болна многу голем дел од времето. Па така кога ќе имате некој значаен датум за вас, очекувајте вашиот партнер да има главоболка или мачнини. Тоа ќе трае така се додека не одлучите сами да ја прекинете врската.

Шкорпија
Ако е вашиот партнер роден во знакот на шкорпија, очекувајте дека вие ќе бидете криви за се, па дури и за најбанални работи. Тие не се никогаш криви, туку сте вие криви за се. Ако приметите дека смислата за хумор им станала црна и сурова, тоа е тоа.

Стрелец
Стрелците не знаат да го држат јазикот за заби и не се воопшто тактични. Нема шанса да проба стрелецот да скрие такво нешто од вас, па очекувајте дека отворено ќе ви каже како стојат работите.

raskin 3

Јарец
Јарците ќе ја одржуваат врската на исто она ниво како на почетокот, дури и кога не се веќе заинтересирани. Ќе продолжат исто само ќе се зголеми бројот на работни патувања и времето кое ќе го поминува во канцеларија.

Водолија
За да бидете со водолија, мора да ве доживува како најдобар пријател. Па така, како на најдобар пријател ќе ви соопшти дека постои некоја трета личност. Нивното однесување ќе стане ладно, бизарно и непријателско, а на вас ќе ви биде најдобро да најдете друг партнер, некој со срце.

Риби
Рибите ќе поминат најмногу време од сите други хороскопски знаци за да ви соопштата дека вашата врска е завршена. Бидејќи чувствуваат грижа на совест, не сакаат да ве повредат. Но за вас ќе биде подобро доколку го решите тоа брзо, и што порано да продолжите понатаму.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.