Хонг Конг – најдобриот град во светот

0

Шеста година по ред Хонг Конг со 27.8 странски посетители ја носи титулата за најдобра дестинација на светот.
Веднаш зад него е Лондон со 17.3 милиони посетители, симнувајќи ги од тронот Банкок со 16 милиони и Сингапур со 17 милиони посетители, според статистиките објавени од страна на компанијата Euromonitor Internacional.
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (6)

Во меѓувреме Париз се најде на петото место со 14.9 милиони туристи. Макао е на шестото место, а по него следуваат Шензен, Њујорк, Истанбул и Кауала Лумпур.
Њујорк има само 12.2 милиони посетители што сепак е повеќе за разлика на минатогодишното истражување кое покажа 11.8 милиони.
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (2)

Истражувањето ни кажува дека Азија е доминантен регион во однос на туризмот, завземајќи една третина од првите 100 градови. Постојаниот раст може да се забележи и на доаѓања и заминувања од градови во Кина, и градовите во САД, освен Мајами, што се покажа со помала динамика.
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (8)

Рио де Жанеиро имаше значителен пораст во однос на бројот на странски туристи, или 46,6 отсто повеќе во однос на претходната анкета. Од друга страна, Санкт Петербург и Москва имаше двоцифрен пад на бројот на посетители од минатата година.
Значи да се подготвиме оваа година и да патуваме во Хонг Конг.

luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (4)
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (5)
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (7)

luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (9)
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (10)
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (11)
luksuz-turizam-odmor-destinacija-putovanje (12)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.