Хомер Симпсон е секогаш е во право

0

„Симпсонови” е една од најпознатите телевизиски цртани серии некогаш направени. Секој еден од ликовите има свои моменти, но Хомер Симсон е херој со најмногу незаборавни реплики. Сигурни сме дека ќе ви предизвикаме насмевка.

„Марџ, навистина многу ќе ми недостигаш. Не само поради сексот, туку и поради приготвувањето на храната.“

9289ef97-5fe9-4bbe-916f-ff50c50df9c6 (1)

„Која е поентата да се излегува надвор? И онака после пак ќе се вратиме тука.“

„Лиса, вампирите се измислена работа, исто како елфовите, гремлините и Ескимите.“

„Телевизија!  Учител, мајка, таен љубовник.“

„Мислам дека г. Смитерс ме одбра поради моите мотивациски вештини. Сите велат дека мораат да работат двојно повеќе кога јас сум во околина.“

164edaf8-20fa-4046-818c-f7d58386ec5c (1)

„Интернет! Тоа нешто уште постои?“

„Синко, кога учествуваш во спортски натпревари, не е важно дали ќе победиш или ќе изгубиш. Важно е колку ќе се опијаниш.“

„Марџ потребни се двајца за лага. Едниот да лаже, а другиот да слуша.“

„Со 10.000 долари, ќе бидеме милионери! Ќе можеме да купиме секакви корисни работи, како на пример… љубов!“

„Момчиња, нуклеарен реактор е нешто слично како жена. Морате да го прочитате упатството и да го стиснете вистинското копче.“

e5223e18-5183-42c0-b998-4b934418a2c0 (1)

„Епа, сега е 1 часот по полноќ. Подобро да појдам дома и квалитетно да потрошам малку време со децата.“

„Ќе може ли барем еднаш во животот некој да ме нарече „Господине“, без притоа да додаде „правите сцена“.“

„ Ве молам не јадете ме, јас имам жена и деца. Изедете ги нив!“

„Не морам да бидам внимателен, имам пиштол!“

„Не, не, не Лиса! Доколку на возрасните не им се допаѓа нивната работа, тие не штрајкуваат. Тие одат секој ден на работа и пола од времето го преседуваат. Тоа е американскиот начин!“

„Јас никогаш не се извинувам! Прости ми Лиса, ама таков сум.“

„Ох, доцнам 26 часа на работа.“

„Деца тишина!  Ако чујам уште само еден збор, за Барт нема веќе гледање цртани, а за Лиса нема одење на колеџ!“

„ Деца, ако дедо ви почне да се однесува чудно, однесете го во подрум.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот