Холивудски изглед кој можете да го постигнете сами

0

Ако сте од луѓето кои се воодушевуваат на долгата коса направена во совршени локни, а мислите дека тоа го има само во Холивуд, во тој случај имаме информација за вас -можете и вие сами да го сторите тоа дома. Постојат два начина:

Коса во локни направена само со помош на фен

Горниот дел од мократа коса прицврстете ја на темето со ластиче или шнола за да не ви смета додека на четката ги мотате долните прамени на косата и го сушите. Почнете да ставате прамен по прамен. Кога ќе завршите, повторете ја целата постапка со останатиот дел од косата. Така ќе добиете крупни и лелеави локни. Избегнувајте да ги виткате прамните до самиот корен на косата, за да можат да имаат поприроден изглед.

Локни со помош на пегла

Поделете ја косата на прамени, поголемиот дел прицврстете го на главата како во претходната ситуација. Секој прамен завиткајте го околу пеглата, задржете некој момент и отпуштете. Прамените виткајте ги кон внатрешната страна на глава. Кога со пеглата ќе дојдете до врвот на праменот, задржете некој момент и потоа отпуштете.

Едноставно и брзо до изгледот кој го посакувате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар