Хју Грант: Не верувам во моногамен брак

0

Заводникот со прекрасни сини очи- така некогаш го опишувале Хју Грант, актерот кој денес го сакаат и нашите мајки и на 55 години работи со полна пареа…

Во неговиот најнов филм “Florence Foster Jenkins”, ликот кој го толкува има љубовница и врска надвор од бракот, а Хју Грант открива што мисли за тоа:

„Отсекогаш им се восхитувам на Французите и Италијанците и нивната посветеност на бракот. Тие го сфаќаат бракот доста сериозно, но тие не зборуваат за тоа. Не се фалат со тоа, оти така го чуваат бракот од распаѓање. Но, јас не верувам во брак. Луѓето прават грешки. Дали човек може да биде во врска цели четириесет години? Не, не и не! Никој никогаш не рекол дека тоа е добра идеја!“ – вели Грант.

Хју Грант смета дека постои нешто неромантично во врска со бракот, дека личностите се затвораат во себе. А, неговиот став јавноста го виде и на дело додека беше во врска со актерката Елизабет Харли која ја изневери.

Истражувањата велат дека дека 70% од мажите и 62 % од жените во брак изневеруваат.

Според експертите за врски, биологија и еволуција на психологијата, човечките суштества можеби и не се создадени да бидат во долгорочни врски. Според овие теории, моногамијата е научено однесување кое е имплементирано во современото општество.

Така што фразата “Додека смртта не нè раздели” повеќе има врска со имотна состојба и закони, отколку со вечна љубов.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.