Хит сукњи оваа сезона

0

Знаете ли какви сукњи препорачуваат стилистите за оваа сезона? Одговорот е во три описи – едноставни, под колена и тесни. Ние ви ги претставуваме сукњите што се омилени на жените ширум светот и чевлите што можете да ги комбинирате со нив.

Плисирана сукња

beige-skirt

Одговара на високи чизми, на еспадрили и на полизатворени чевли. Стилистите ја одбраа беж бојата бидејќи најлесно се комбинира со сè.

Волнена сукња

grey-skirt

„Тешкиот“ материјал паѓа убаво и го покрива телото. Одговара на секоја градба. Можете да ја комбинирате со ниски чизми, патики или чевли на висока потпетица.

Тексас сукња

denim-pencil-skirt

Сè додека е под колена и „молив“, можете да ја носите и во зима, во комбинација со високи, ниски чизми или патики.

Кожена сукња

leather-wrap-skirt

Ако е на преклоп, дополнете ја со високи или ниски чизми, или пак со патики, зависно од времето од денот и местото кајшто ќе ја носите.

Милитари стил

military-skirt

Овој тренд е секогаш во мода, а дозволува сукњата да се комбинира со салонки, чизми или патики.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.