Хит накит за ова лето

0

Летото е секогаш период за ексеприментирање на боите, изгледот, фризурите и начин на комбинирање на стиловите.

Ако сте љубители на модните додатоци тогаш ова е одлична сезона за вас со оглед на тоа дека имате можност да одберте различни нијанси, необични форми и додатоци за комплетирање на изгледот.
Гломазните чанти секако дека не изостануваат како главен дел од стајлингот и ова лето. Дополнително збогатени со интересен мотив на марама, ќе изгледате супер шик и разиграно.
Beach-tote-bags-2

Обетките според стилистите се задолжителни за изгледот на плажа. Округлите големи обетки кои воедно се и безвременски, се накит што секоја модерна девојка треба да го поседува.
Доколку сте љубители на минималистички изглед на обетки, тогаш изберете од оние со мали интересни животински форми или пак со бисер и пастелни нијанси.
mindjuse-6
Гломазните ланчиња никако не изгледоваат мода и ова лето. Се почесто монохроматскиот изглед се комбинира со интересна и уникатна гломазна огрлица на која паѓа акцентот на комплетниот стајлинг.
summer-accessories-wish-list_edited-1
Доколку сте љубители на нараквиците бохо изгледот вели дека дури и целата дланка да вие наредена со нараквица, тоа е супер модерно. Се разбира, обрнете внимание на комбинирање на боите.
summer_accesories
Шеширите како и секоја година се број еден а туку не заостануваат и очилата за сонце.
Различните форми и бои на очилата за сонце дополнително ја олеснуваат работата при изборот. Често знаеме да одбереме и по неколку модели само за да имаме различен изглед со секоја комбинација.

Погледнете ги нашите предлози за мала инспирација….
Summer-Accessories-Wishlist

fashion-2014-06-01-rainbow-accessories-sunglasses-main
Beach-tote-bags-2
lifestyle19622015
mindjuse-7

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.