Хировите на познатите

0

Парите ги менуваат луѓето, тоа е факт кој сите добро го знаеме, а од кој не се исклучени ниту познатите ѕвезди кои благоадрение на нив успеваат да ги задоволат сите свои хирови.

Мараја Кери

nick-cannon-mariah-carey

Оваа музичка ѕвезда во една прилика го изнајмила цел Дизниленд за да ги обнови брачните завети, со сега веќе поранешниот сопруг Ник Кенон. Заради таа причина, забавниот парк бил затворен еден ден, за да можат Ник и Мараја да ја прослават петгодишнината од бракот.

Кание Вест

kim-kardashian-kanye-wedding-kimye-2014-billboard-650

Во САД изјанмувањето огромни простори е посебно популарно, посебно стадиони, па така Вест го изнајми The AT&T, каде ја побара за жена Ким Кардашијан. Тој на едно место го собрал целото семејство и пријатели, имало оркестар и сензационален огномет, во моментот кога и го ставал дијамнатскиот прстен на рака.

Џони Деп 

461781950-480x360

Деп во убавите денови со Амбер бил многу романтичен. Овојпат не се работело за тетовирање на името на љубената, како што беше случајот со Винона Рајдер, туку за купување имот на Бахамите. Станува збор за барот каде парот  се запознал за време на снимањео на филмот “The Rum Diary”, дизајниран во стилот на филмот, нешто кое за двјацата било многу сентименално.

Џастин Бибер

selena-gomez-justin-bieber-basketball-650-430

Џастин Бибер во времето кога беше во врска со Селена Гомез, го изнајми Стејплс центарот во Лос Анџелес, само за да ја размази својта сакана, ја изненади со огромен број црвени рози, екстравагантни јадења и проекција на нејзиниот омилен филм ”Титаник”. Наводно сето ова го чинело 150 000 долари.

Тејлор Свифт

reg_1024.TaylorSwift.ConorKennedy.jlc.082012

За време на врската со Конор Кенеди, Тејлор Свифт купила вила во вредност од 5 милиони долари. Куќата се наоѓала само неколку минути оддалеченост од неговата во Кејп Код, а пејачката се одлучила на ваква постапка само да биде поблиску до саканиот.

Бен Афлек

jennifer-lopez-ben-affleck

Додека беше верен со актерката и пејачка, Џенифер Лопез, Бен Афлек сакал да ја третира како принцеза. Тоа подразбирало да и изработат посебна даска за WC школка, украсена со рубини, дијаманти, бисери и сафири, што Бен го чинело 105 илјади долари.

Но, кога се има се може, па така и големите ѕвезди во одреден момент сакале да ги задоволат своите, но и хировите на нивните партнери.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот