Хип-хоп фестивалот во склоп на Exit ги објави Bassivity ѕвездите и најсилните хип-хоп фаци од целиот регион!

0

Вистинскиот хип-хоп фестивал во склоп на фестивал кој се подготвува за овогодишниот, по многумина најсилен EXIT досега, тукушто се зголеми со најбараните хип-хоп изведувачи од Вардар до Триглав! Откако за т.н. EXIT Gang листа беа најавени преку 70 водечки светски и регионални хип-хоп ѕвезди, во листата се најдоа и имиња како еден од најзначајните светски рапери Skepta, британската трап-џез сензација IAMDDB, како и американскиот рапер Desiigner, творецот на еден од најголемите хип-хоп хитови на деценијата „Panda“! Иако моќната регионална репрезентација веќе ги вклучи сите по ред најслушани рапери од овие простори, меѓу кои се и Vojko V, Krešo Bengalka, Bad CopySajsi MC, Krankšvester, Atlas Erotika, High5, Buntai, Hazze, Klinac, Bekfleš и други, овој импресивен список штотуку стана всушност двојно подолг! На EXIT, сега веќе традиционално, стигнува најсилната екипа на водечката регионална хип-хоп куќа Bassivity, која на Addiko Fusion бината во сабота 6-ти јули ќе ги претстави своите суперпопуларни изведувачи како што се балканската сензација Senidah, мајсторите за лирики Surreal и Fox, загрепското хит трио KUKU$, младата ѕвезда Elon и специјалната гистинка Sara Jo, а чии хитови во збир надминуваат и вртоглави бројки од 100 милиони прегледи на YouTube! Големата регионална екипа ја комплетираат и црногорскиот двоец Who See, енергичните Helem nejse од Сараево, надалеку почитуваното FM Jam трио Frenkie, Kontra и Indigo, како и херојот од белградскиот Виетнам, Smoke Mardeljano! На Cockta Beats бината доаѓа и Bassivity DJ екипата Bajko Felix и Luka Brasi, а на новата бина пристигнуваат уште и KojotOgnjen, Nina Davis и Yan Dusk!

Купи 4, зграби 5: во тек е популарната EXIT акција „4+1“!

Сѐ уште трае и популарната „4+1“ акција, во која друштвото кое заедно ќе купи четири влезници за EXIT фестивал, петтата ја добива на подарок, а овие четиридневни влезници во моментов се 3850 денари, што е високи 45% заштеда во однос на финалната цена!

Поединечните влезници за вториот, третиот и четвртиот ден на EXIT фестивал неодамна го имаа најсилниот старт на продажбата откако беа пуштени онлајн ширум светот, а за публиката од овие простори, достапни се веќе по цена од само 1550 денари што е дури 35% заштеда во однос на нивната финална цена. Влезниците за првиот фестивалски ден, 4-ти јули, кога настапуваат рок гигантите The Cure се продаваат по цена од 1800 денари за партер и 3580 денари за ФАН ПИТ, додека цената за ГОЛД ВИП дневните влезници за 4-ти јули е 6515 денари.

Влезниците за EXIT можат да се набават преку официјалната страница exitfest.org и преку продажната мрежа на www.mkticket.mk во Македонија. На сајтот на официјалната туристичка агенција exittrip.org, достапни се и туристички пакети кои покрај влезница, содржат и разни опции за сместување и превоз.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.