Хелсинки, белиот град на Северот

0

Хелсинки е сместен во јужниот дел на Финска, на брегот на Финскиот Залив,  дел од Балтичкото Море. Интерсно е тоа што тој е најсеверниот главен град на земја членка на Европската унија.

Архитектонската слика на Хелсинки е она што најмногу ги привлекува туристите од целиот свет. Архитектот Карл Лудвиг Енгел (1778–1840) проектирал неколку неокласични градби во Хелсинки. Главна точка во планот на градот на Енгел е Сенатскиот плоштад. Тој е опкружен од Владиниот дворец, главната градба на Хелсиншкиот универзитет и огромната катедрала, која била завршена во 1852 година, дванаесет години по смртта на Енгел. Подоцна, неокласичниот план на Енгел бил причина за добивање на епитетот на Хелсинки, Белиот град на Северот.

Хелсиншката катедрала на Енгел е соборна црква која се наоѓа во најпозната туристичка знаметиност на овој град. Изградена е во периодот од 1830 до 1852 година со неокласичен стил.

47-98-1

Хелсинки е најпознат по неговите бројни арт нуово градби под влијание на романтичниот национализам, проектирани во почетокот на 1900-тите и под силно влијание на Калевала, која била многу популарна тема во тоа време.

Најголем историски музеј во Хелсинки е Националниот музеј на Финска, кој прикажува огромна историска збирка од праисториските времиња па, сè до XXI век. Самата музејска градба, замок во национален романескен стил, е туристичка знаменитост. Друг поголем историски музеј е Градскиот музеј на Хелсинки, кој ги воведува посетителите во 500-годишната историја на Хелсинки.

helsinki (10) helsinki (7) helsinki (9) helsinki (6) helsinki (5) helsinki (2) helsinki (3) helsinki (4) helsinki (1) helsinki

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот