Хедонистичката оаза на Силвестер Сталоне

0

Вилата на глумецот, моментално се продава по цена од 4,2 милиони долари, а вие погледнете како изгледа ова величествено здание кое чини толку многу пари.

Секогаш кога ќе пронајде слободно време, актерот веднаш ја посетува својата вила која се наоѓа во Ла Кинта, место покрај Палм Спрингс, како би побегнал од секојдневната рутина и брзиот живот во Лос Анџелес, но и за да ужива во многубројните уметнички дела кои ја красат оваа вила.

s6

Уредена во медитерански стил, оваа вила на два ката, се простира на простор од 480 квадратни метри, и се состои од 4 спални соби, 4 бањи, има сопствен бар и огромна просторија за гардероба.

s5 s4 s2

Ходниците во самата вила се како патеки со многу свиоци, а дрвените тавани и големиот број на камини во просторијата оставаат впечаток дека се наоѓате во топла и пријатна куќа.

s8 s3

Градината и дворот се простираат на површина од 1820 квадратни метри, а на поседот се наоѓаат и голем базен со спа центар, кој има директен поглед на преубавите планини, потоци и реки.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот