Harry Potter and the Cursed Child – Осмата приказна за Потер ќе биде за неговиот син, Албус

0

По се изгледа дека  Албус Северус е проколнатото дете, а не Хари Потер како што се веруваше во првите седум делови

Официјaлната потврда стигна – “Harry Potter and the Cursed Child”  не е приказна за тоа што се случувало претходно, туку  е за тоа што ќе се случува во иднина.Џ.К.Ролинг фокусот го задржува на синот на Хари Потер, Албус Северус, кој по се изгледа дека е проколнатото дете според насловот.

albus severus

Ќе го видиме возрасниот Хари, вработен во Министерството за магија, борејќи се со своето славно минато кое никогаш не го сакал и обидувајќи се да воспостави убав однос со својот син.

Во синопсисот за филмот стои вака:

Секогаш беше тешко да се биде Хари Потер и не е полесно ниту сега кога морам да работам во Министерството за магија, сопруг и татко на три деца кои се на училишна возраст.

Додека Хари се обидува да живее со случките од своето минато кои одбиваат да останат таму, неговиот најмлад син Албус мора да се бори со семејната историја и товарот кој никогаш не го барал. Како што минатото и иднината си излегуваат во пресрет, така таткото и синот учат дека темнината напаѓа кога најмалку очекувате.

poster

Новата Хари Потер приказна ќе биде прикажана во два дела, а фановите едвај чекаат да ги погледнат новите авантури на протагонистите на Џ.К. Ролинг.

“Приказната се случи само заради тоа што се собра вистинкста група на луѓе во вистинско време со брилијантна идеја, да го претстави Хари Потер, но овојпат на театарска сцена. Сигурна сум дека кога пибликата ќе ја погледне приказната на ‘Harry Potter and the Cursed Child’ ќе сфати зошто се одлучивме на овој начин да ја раскажеме” – изјави Ролинг.

Инаку претставата во режија на Џек Торн, ќе има има својата премиера следното лето во Лондон.