Харли Квин добива свој филм

0

“Suicide Squad”, филмот кој откако беше прикажан за првпат во Америка и имаше неверојатна заработка, сега повторно е тема на разговор, но заради еден негов сегмент – ликот на Харли Квин.

Марго Роби ја гледавме во улога на своеглавата и уникатна Харли Квин, која е партнерка на Џокерот.

h1

Која е приказната на овој лик:

Таа заколнат непријател на Бетмен, фасцинирана од ликот и делото на Џокерот, на кого ќе му помогне да избега од санаториумот во кој е сместен. Нејзините претпоставени дознаваат за ова криминално дело и ја затвораат и неа. За време на земјотрес во Готам, таа бега и станува Харли Квин, партнер во зло на Џокерот.

Ликот на Харли, после “Suicide Squad”,ќе добие свој филм.

h2

Марго Роби на оваа тема изјави: “Сигурно дека не сум завршила со ликот на оваа луда девојка. Има толку многу работи кои мораат да се докажат”.

Инаку,  се уште не се знае кога точно ќе почне снимањето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.