Харисон Форд ќе го снима петтиот Индијана Џонс

0

Режисерот Стивен Спилберг и актерот Харисон Форд повторно ќе ги здружат силите во новиот дел од приказната на Индијана Џонс.

Волт Дизни студиото објави дека петтиот дел од серијалот за Индијана Џонс пристигнува во кината на 19. јули 2019 година. Според пишувањата на странските медиуми, извесно е тоа дека ќе биде во режија на Стивен Спилберг, а улогата на Индијана Џонс, Харисон Форд ќе ја толкува повторно.

“Индијана Џонс е еден од најголемите филмски херои на сите времиња и едвај чекаме овој филм да пристигне во кината”, вели претседател на Дизни Алан Хорн.

Имајќи во предвид дека Харисон Форд во 2019 година ќе биде на 77 годинишна возраст, на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат саркастични коментари дека под-насловот на филмот може да биде”Индијана Џонс и Алцхајмеровата болест.”

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот