Харбин, градот од мраз во Кина

0

Колку пати сте посакале да живеете во вистинска зимска бајка, да се прошетате во место коешто има сопствен замок од мраз?

Сега имате можност за тоа. А можноста ви ја нуди Меѓународниот фестивал на снег и мраз Харбин, во Кина. Овој град од мраз стана познат по гигантските осветлени скулптури од мраз кои ги воодушевија посетителите, ама и оние што ги видоа само на слики.

Овој настан што се случува 33 година по ред, се одржува во главниот град на провинцијата Хилонгџианг. Градот од мраз е поделен на неколку тематски зони. Главната атракција е Снежниот свет и Мразот од Харбин, за чиjашто изградба се искористени околу 180.000 кубни метри мраз. Се простира на површиа од преку 750.000 метри квадратни.

Скулпторите кои работат на изградбата на ова волшебно место, потекнуваат од целиот свет.

Мразот, од друга страна, се добива од реката Сонгхуа, во Харбин. На неговото извлекување од реката работат околу 50 фармери, и тоа преку 20 дена.

Најубавото време да се посети овој леден град е ноќе, бидејќи скулптурите се осветлени со лед светилки.

И иако е отворен од крајот на декември, официјалното отворање се случи на 5 јануари и ќе биде отворен околу два месеца.

Па додека не направат нешто слично близу нас, или можете да ја посетите Кина, или да уживате во фотографиите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот