Хаику – Џек Керуак

0

1.

Шутирајќи ја промашувам
вратата на фрижидерот
која сепак се затвори.

2.

Приквечер.
едно момче со стап
удира по глуварчињата.

3.

Голема, крупна
снегулка
паѓа сосем сама.

4.

Јулска ноќ.
Огромна жаба
пред мојот куќен праг.

5.

Се стемнува –
секретарката си ја
разлабавува марамата.

6.

Самрак. Претемно
да се прочита страницата,
престудено.

7.

Одејќи една зад друга
моите мачки подзастануваат
штом ќе загрми.

8.

Сомот се бори за живот
и победува,
испрскувајќи нè сите.

9.

И денес нема телеграма,
само повеќе паднати
лисја.

10.

Во шкафот за прва помош
зимска мува
умрена од старост.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар