Гушни ме, не ме пуштај повеќе…

0

Те посакав од срце,
те видов првпат на сон,
но ликот не ти го видов, не го запомнив,
но ја запомнив топлината, со која ми го згреа срцето.

Те посакав в сон, за да те сретнам на јаве.

По ликот не знаев дека си ти,
насмевката и гласот ме одведоа до местото каде што ќе го почувствувам допирот преку кој ќе ја препознам топлината на твојата душа и срцето…

За да и кажам “Гушни ме, не ме пуштај повеќе…”

Автор: Бранкица Б. Анѓелевска

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.