Грешки поради кои можете да ја загубите девојката

0

Ако конечно ја пронајдовте девојката која Ви се допаѓа и за која мислите дека е онаа вистинската, тогаш потрудете се и да ја задржите…

Машко-женските односи се дефинитивно нешто најкомплицирано на овој свет. Во еден момент се може да изгледа сјајно и совршено, но, за момент се може да се заврши со кавги. Но, сепак за секоја успешна врска е потребно обострано разбирање и жртвување.

Нешто што најпрво морате да го прифатите е фактот дека не се врти се околу Вас. Ако сакате да поминете незаборавни денови со Вашата поубава половина, тогаш мора да се потрудите таа да посака да остане со Вас.12576211_10153466639464151_744026067_n

Ако сакате да имате долга и успешна врска, тогаш внимавајте и потрудете се да не ги направите следниве грешки.

  1. ТАЈНИ

Иако не е лошо некои работи да ги задржите само за себе, кога ќе наидете на ВИСТИНСКАТА морате тоа и да и го докажете. Нема ништо подобро од откривање на Вашите стравови и тајни. Ако одлучите да криете многу работи од неа, тоа нема да заврши добро, бидејќи нема да успеете се да сокриете и кога таа ќе дознае дека ја лажете ќе биде доцна.

  1. ЛАГИ

За добра врска вистината е најважна, па морате да бидете искрени со Вашите чувства. Голем број парови имаат проблеми со укажување на некои одредени проблеми. Ако забележите дека таа прави нешто што Вас не Ви одговара, кажете и го тоа на време и поразговарајте отворено. Ако реагирате смирено, таа ќе го прифати тоа и ќе се обиде да го реши проблемот заедно со Вас. Секако, трудете се и Вие да возвратите во иста мерка.

Ниедна лага нема да помогне во Вашата врска, може само да ја уништи кога ќе дознае дека не сте биле искрени.

12583607_10153466639449151_164465569_n

  1. ГИ МРАЗИТЕ НЕЈЗИНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

Ова е многу важна работа. Пред да ве запознае вас, таа имала свои другарки и Вие морате тоа да го прифатите. Додека не се докажете, таа постојано ќе ги прашува нив за совет, па од голема важност е да оставите добар впечаток кај нејзините пријателки. Ако тие имаат добро мислење за Вас, тогаш во голем дел сте успеале.

  1. ЗАПОСТАВУВАЊЕ

Многу е тешко вашиот стил на живот да го прилагодите на женска особа, особено ако до сега најголем дел од времето сте го минувале со другарите. Сепак, жените бараат некој кој секогаш ќе биде тука за нив, така што ќе морате на најдете некој баланс и еднакво да ги вклопите. Не дозволувајте да ја запоставите и едната и другата страна. Другарите се исто толку важни како и девојката.

  1. НЕ СТЕ ДОВОЛНО АКТИВНИ

Кога велиме не сте доволно активни, мислиме на тоа дека најчесто правите исти работи со девојката. Монотонијата е сериозен проблем и тоа може да биде една од причините поради која девојката повеќе нема да сака да биде со Вас. Потрудете се да бидете поинтересен и секогаш да правите нешто поинаку. Бидете креативни, не  е се во парите.

12576238_10153466639454151_1013658743_n

  1. СЕКСУАЛНО ДОСАДУВАЊЕ

Секако една од предностите кога имате девојка е и редовниот секс, но водете сметка за досадувањето. Некои девојки не сакаат често да имаат односи или пак повеќе сакаат да уживаат во Вашата прегратка, па доколку Вие постојано инсистирате само на секс, можете само да ги оддалечите од Вас.

  1. НЕОДГОВОРНОСТ

Жените сакаат момче на кое можат да се потпрат и кој секогаш ќе биде тука за нив. Момче кое е неодговорно и не знае да гледа на часовник, едноставно е оној вистинскиот.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.