Грешки кои ги правите при нанесување на дезодоранс

0

Ставањето дезодоранс не е наука која треба да се совлада, но сепак постојат некои ситни правила кои мораат да се почитуваат ако сакате да ја задржите свежината во текот на целиот ден.

Нанесете го веднаш после туширањето

Најдобро е веднаш штом завршите со туширањето да го ставите дезодорансот. Исушете го вишокот вода под пазувите и потоа нанесете. Така, вашата кожа од почеток ќе биде мирислива и чиста.

Не заменува туширање

Некои мажи мислат дека не мораат да се тушираат ако стават дезодоранс. Меѓутоа, тој нема да има ефект ако не е на чиста кожата, туку само ќе придонесе да се активира непријатен мирис.

Ставајте неколку пати во текот на денот

Како и кремата за сончање, дезодорансот мора да се става неколку пати во текот на денот, ако сакате постојано убаво да мирисате. Имајте во фиока на работа, во торбата од лаптопот или во автомобилот.

Не ставајте премногу на едно нанесување

Доволно е само едно прскање или едно нанесување. Ако претерате, нема да постигнете ништо, а ризикувате да ја оштетите и онака иритираната кожата.

Користете природни дезодоранси

Тие што се направени од природни состојки се покажале како подобри и поздрави за телото. Немаат штетни супстанци, а го имаат истиот ефект како стандардните.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот